Многумина се согласуваат дека методот на плантажно одгледување на шипка е најдобар. Пред садењето, почвата треба да се подготви за садење и да се поправи плодноста. Тоа се состои од длабоко орање (30 – 40 см), фрезирање и мелиоративно ѓубрење со 20 – 50 тони прегорено ѓубриво по хектар и околу 500 кг/ха ѓубриво NPK 10:12:26 или 8:16 : 24. Ако избраната парцела е стрмна или нема соодветна механизација, тогаш треба да изберете варијанта на индивидуални дупки за копање со задржување на тревата во меѓупросторот.

Со внесување на околу 5 кгарско ѓубриво и 250 до 300 грама минерални ѓубрива NPK пред садењето во подготовка на дупките, се заменува мелиоративното ѓубрење.
Се сади на растојание од 3 х 1,5 м односно 2.222 растенија по хектар, а на оскудно земјиште на 3 х 1 м.
Садењето треба да се врши по можност во есен или во текот на зимата (ако дозволуваат временските услови) и да се избегнува садење во доцна пролет кога приемот и подоцнежниот раст се многу послаби. Садењето треба да се изврши класично, како и сите други овошки, внимавајќи калемот да биде над или во нивото на земјата. Откако ќе ги покриете корените со слој ситна земја, не заборавајте да додадете прегорено ѓубриво (неколку килограми по растение) и повторно слој ситна земја. На крајот, по газењето на почвата, потребно е да се додадат уште 150 – 200 грама NPK ѓубриво околу садниците низ целата површина.
Начин на плантажно одгледување на ова здрава билка

Кога садите шипинка на пролет, задолжително е да се залева со 5-10 литри вода по растение. Во пролет, пред да се почне вегетацијата, скратете ја засадената садница на 20 см, односно 3-4 пупки од калемот. За време на првата вегетација, потребни се неколку плитки окопувања и отстранувања на плевелите околу расадот, едно прихранување во средината на мај со околу 100 грама „KAN“ по растение и неколку наводнувања ако има сушен период.
Младите изданоци ги напаѓаат лисни вошки (слично како кај розите), затоа во текот на пролетта и летото е корисно да се направи заштита – прскање со некои од инсектицидите за нивно сузбивање. Во текот на првата година, ќе се развијат повеќе изданоци од засаденото растение, што може да достигнат висина од над 1,5 м, а понекогаш и многу повеќе. На нив се формира род за следната година. Во текот на зимата, се ѓубри со 300 грама NPK ѓубриво по растение со формулација 10:12:26 или 8:16:24 или слично.
Во пролетта следната (втора) година, изберете ги најдобрите 4-5 изданоци по грмушка и скратете ги на 120-130 см во должина и отстранете ги вишокот и послабите гранки. Ова ја зајакнува грмушката и обезбедува солиден и квалитетен принос. Ако грмушката е слаба, треба со кратко кастрење до 20 см да се зајакне, без да даде род таа година, за да не се исцрпи. Во текот на летото од втората година, направете неколку окопувања, плевење, наводнување (доколку е потребно) и заштита од лисни вошки и болести, по потреба. Едно прихранување е потребно во фаза на интензивен раст пред цветање со околу 100 грама KAN по грмушка.
Третата година се смета за почеток на целосна плодност на шипката, а колкави ќе бидат приносите зависи од тоа каква била негата претходните две години.

Извор: agroinfonet.com
