Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој
Агровести

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој

Објавено 09/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку партнерство со уште осум организации од четири европски земји, винарската визба „Тиквеш“ се вклучи во транснационалниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“, што ќе се реализира во следните три години, а е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

Целта на проектот е да го поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето во производство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области, како што се: долината Випава во Словенија, Славонија во Хрватска, Тиквеш во Македонија и Хардангер во Норвешка. За остварување на оваа цел на проектот ќе бидат вложени над 1,5 милиони евра.

Конкретно, овој проект се темели на концептот за развој на висококвалитетни земјоделски производи со силен регионален идентитет, како што се виното и сајдерот, со што треба да се придонесе за одржлив локален економски развој, зачувување на традициите, промоција на  локалните региони во светски рамки и развој на локалните туристички потенцијали, како и спречување на иселувањето од руралните средини. Ваквиот концепт за развој успешно се применува во развиените земји од Западна Европа, а е резултат на соработката помеѓу науката, бизнисот и локалните институции.

Во конзорциумот што ќе го реализира проектот се вклучени четири врвни истражувачки и академски институции од Норвешка, Хрватска и Словенија, предводени од Универзитетот во Нова Горица, Словенија. Како претставници на бизнисот, покрај ВВ „Тиквеш“, во проектот е вклучена и Асоцијацијата за сајдер од Хардангер, Норвешка, а локалните власти се претставени преку општината Ајдовчина од Словенија, градскиот совет на Хардангер од Норвешка и локалната агенција за развој на Пожега од Хрватска.

Извор: БизнисВести

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економски развојпартнерствоТиквештранснационален проект
Претходен напис Црн лимон – додадок во јадењата од Блискиот исток?
Следен напис Компаниите кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?