Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компаниите кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Компаниите кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи
Агровести

Компаниите кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи

Објавено 09/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 62 отсто од компаниите во земјава се соочуваат со недостиг на стручен кадар. 

Според последните анализи на Стопанската комора, нема доволно бравари, монтери, месари, касапи, келнери, готвачи.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, стручниот кадар е потребен во сите сектори, но засега најмногу кубурат машинската индустрија, електротехничката струка, прехранбената и хемиската индустрија, туризмот и угостителството.

Комората апелира, бизнис заедницата активно да се вклучи во креирањето кадар со соодветни вештини и компетенции, согласно потребите на пазарот на трудот, преку процесот на дуално образование. Вакви позитивни примери има неколку, но не доволно.

-Потребен е максимален ангажман за дизајнирање пазарно-оперативни програми според потребите на компаниите, да постои комбинација на теоретска настава во школо и практична во компаниите. Стручен кадар е потребен во сите сектори на квалификации, но најмногу во секторот машинство и тоа за потреба на лица како оператори за машинско одржување и оператори на производна линија околу 362 лица, за машински техничари, оператори со ЦНЦ машини и бравари 124 лица, во секторот електротехника потребата се јавува за електричари, монтери и електротехничари околу 80 лица, во угостителство и туризам за келнери и готвачи околу 70 лица, во прехранбената индустрија потребата е од хемиски техничари, месари и касапи околу 70 лица, истакна в.д. директораката Билјана Пеева Ѓуриќ.

Според неа, досега преку Комората се обучени и сертифицирани околу 300 ментори од 245 компании.

-Додадената вредност е видлива и во грижата дали компанијата ги исполнила условите за реализација на практичната обука преку верификација што ја спроведува Комората. Процесот на верификација го поминале 25 компании, со тенденција бројот да расте, поради тоа што свеста кај компаниите за вклучување на учениците за реализација на практичната обука се зголемува, а тоа се гледа и од бројот на обучени ментори кои ќе работат со учениците, дополни Пеева Ѓуриќ.

Анета Петровска – Русомароски од ЕВН Македонија, лидер на проектот 20-20-20, информира дека од септември годинава првата генерација ученици веќе им се колеги, а тоа е потврда дека дуалното образование станува ефикасно.

-Бенефитот е двостран, компаниите добиваат имаат стручен кадар, а учениците стручно образование, напомена Петровска – Русомароски и соопшти дека во тек е нова програма, на македонски во Скопје и на албански во Гостивар, која овозможува да се обучуваат сите ученици од државата.

Лирим Сулејмани, раководител на КЕЦ Васил Главинов, пак, додаде дека она што беа наши цели, сега се реалност.

– Преку симбиоза на тероријата и праксата добивме стручен и компетентен кадар со вештини потребни на пазарот на трудот и специфичните потреби на нашата компанија. Дуалното образование освен стекнување соодветни вештини подразбира она што ќе го слушант, учениците да го пренесат во реални, практични услови. Ставањето акцент на практичниот дел значи и стекнување деловна култура, дисциплина, комуникација, однесување, што влијае и на карактерното оформување на кадрите кои по образованието на овој начиј полесно ќе се интегрираат во комапниите, рече Сулејмани.

На прес-конференцијата беше посочено и дека мора да се надминат стереотипите – во различните сфери на образование, доедукација и работење да се вклучува секој, независно од етничката, националната или родовата припадност.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анализанедостикстопанска коморастручен кадар
Претходен напис „Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој
Следен напис Започна исплатата на средствата за обесштетување на граѓаните од Општина Ресен, погодени од невремето во 2019 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?