„Бако нутс“ е компанија која егзистира на пазарот повеќе од 20 години. Примарна активност на компанијата е производство, преработка и трговија со јаткасти и прашкасти производи, зачини, сушено овошје и житарки.

Како компанија која се занимава со преработка на земјоделски производи ја искористиле можноста за технолошко опремување на своите погони со користење на финансиската поддршка од ИПАРД програмата.

По склучување на договорот за финансиска поддршка, компанијата инвестира во нова линија за сушење и опрема за пакување на јаткасти плодови.
Целокупната инвестиција е во вредност од 18.3 милиони денари од кои 9.14 милиони денари или 50 % се кофинансирани од АФПЗРР преку ИПАРД програмата.

