Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Талогот од кафе ги храни растенијата, но штити и од штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Талогот од кафе ги храни растенијата, но штити и од штетници
Магазин

Талогот од кафе ги храни растенијата, но штити и од штетници

Последна измена: 13/04/2020 11:44
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Не се само луѓето тие го сакаат кафето. Користењето на овој ароматичен пијалок, а особено  талогот од кафето на разни начини позитивно делува на одредени растенија, а може да се користи и како прихрана бидејќи содржи калиум, азот, магнезиум и фосфор.

Многу градинари талогот од кафето го сметаат за сигурен и природен начин за поттикнување на растот на растенијата без употреба на хемикалии и пестициди. Па според тоа наредниот пат кога ќе пиете кафе не го фрлајте талогот туку соберете го и искористете го во својата градина.

Талогот од кафе може да се користи и за заштита од штетници и корови, а исто така ја прави почвата да биде растресита.

Кафето можеда го стимулира растот на морковите и ротквиците. Со мешење на семето со талогот од кафе се олеснува сеењето ,а истовремено  му ја дава и потребната прва прихрана на растението.

Ја менува бојата на хортензиите

Кафето содржи колемо количество на азот па може да влијае и на киселоста на почвата и да го поттикне цветањето на ружите. Талогот може да се измеша со компостот и да се стави околу ружите или пак може и самостојно да се стави. Сепак треба да се биде внимателен со количината на талог бидејќи премногу кафе може да ја зголеми  киселоста на почвата.

 Темнокафеавата боја на кафето може на цветот на хортензијатада му даде плава боја.Тоа е затоа што кафето ја зголемува киселоста на почвата , а тоа кај хортензиите предизвикувапромена на бојата на цветот. Исто така со помош на кафето и цвеќето во вазна ќе трае подолго.

Доколку  вашите растенија се нападнати од полжави и од мрави исто така можете да ги заштитите со талог од мелено кафе. Посипете го кафето  околу растението за да спречите штетниците да се доближат до него.

 Кафето е одлично и за сузбивање на гливични заболувања како што се Fusariuma, Pythiuma.

На културите кои сакаат благо кисели почви исто така можете да им додадете талог од кафе. Такви се боровницата, малината, капината јагодата и сл. Исто така добар е и за цикламата, гладиолите и лилјаните.

Важно е да се користи талог од вистинско црно кафе засладена со природен засладувач. Доколку сте користеле вештачки засладувачии млеко не се препорачува да го ставате во растенијата.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:кафеПрихрана на растенијатаТалог од кафе
Претходен напис Побарувaчката на семе за зелeнчук е поголема од побарувачката на тоалетна хартија?
Следен напис За земјоделците од кривопаланечко издадени стотина дозволи за движење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?