Продавачите на семиња последните недели се соочуваат со зголемена побарувачка на своите производи. Поради стравот од недостиг на храна во овој период на криза предизвикана од пандемијата на корона витусот, луѓето се повеќе се одлучуваат да одгледуваат земјоделски производи во своите градини.
Со овој проблем посебно се соочиле продавачите на семе во Северна Америка, кои минатите недели се преплавени со зголемена побарувачка, бидејќи многу луѓе се решиле да ја засеат својата градина. Уште од 16 март кај инетрнет продвниниците забележано е дека има голем број на нарачки на семе од зеленчук.
Компаниите за семнски материјал забележуваат оромна побарувачка
Vejn Gejl, сопственик на компанијата „Stokes Seeds” од Канада беше шокиран од зголемената побарувачка. Својата интернет продавница мораа да ја затворат за малите градинари за да можат да ги испорачаат нарачките за поголемите стопанства.
Викендот пред 16 март примиле околу 1000 нарачки од градинари кои одгледуваат зеленчук од хоби, додека предходните години имале околу 350 .„Инаку ова време не е врв за сезоната . Врвот предходните години се достигнувал во втората половина на февруари.“ изјави Гејл modernfarmer.
Многу нови во светот на градинарството
Продавачите велат дека многу купувачи кои за прв пат купуваат семе се всушност почетници. Иако одгледувачите велат дека секое време е добро за да се започне со одгледување на храна за свои потреби, истакнуваат дека огромниот интерес на луѓето за оваа работа веројатно е предизвикана од нивната загриженост дека ќе има недостаток од храна.
Семенската компанија”Vesey Seeds”, веќе во март имала број на нарачки колку што вообичаено има во јуни. Во тој поглед ја зголемиле продажбатаза 335 %, а минатата недела имале зголемена побарувачка дури за 600%.
Врвот на продажбата создаде оперативни предизвици за продавачите на семе, бидејќи стана многу тешко да се прати побарувачката. Некои имаат недостаток на персонал бидејќи вработените се во карантин или се принудени да останат дома со децата поради затворањето на училиштата. Главно компаниите не се можност да донесат нови работници во своите магациниза да се забрза испораката.
Нрачки пристигнуваат и од урбаните средини
Ken Vasnok, извршниот директор на фирмата „Harris Seeds”, вели дека поголемиот број нови нарачки доаѓа од урбаните подрачја. Компанијата забележала голем број нарачки од Њујорккаде во минатите години не се продавало многу.
„ Многу нарачки пристигнаа во почетокот и од клиенти кои купуваа и системи за одглeдување на зеленчук без природна светлина. Исто така голем процент од нарачите се за органско семе. а најпопуларни култури се тиквички, домати и грав.“
Се мисли дека ова се случува бидејќи многу се плашат за сигурноста на храната. Од перспектива на продавачите никогаш не е касно да се почне со одгледување на зеленчук за сопствени потреби, посебно сега додека владите во целиот свет се борат да обезбедат доволен број на сезонски работници.
„Би било добро луѓето да одгледуваат сопствена хран, тоа е работа која всушност како општество сме го изгубиле во последните триесеттина години.“ заклучува Васхок.
Извор : Агроклуб
Напишете коментар