Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светиниколските села 10 дена оставени без вода за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Светиниколските села 10 дена оставени без вода за наводнување
Шумарство и водостопанство

Светиниколските села 10 дена оставени без вода за наводнување

Објавено 03/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десет дена без вода за наводнување е Овче Поле. Земјоделци од неколку села во Овчеполскиот регион денеска реагираа и велат дека стотици хектари засадени со детелина, бостан, пченка, лозови и овошни насади останаа без вода за наводнување. Родот им се суши и пропаѓа во нивите.

Никола Стојанов, млад земјоделц од светниколското село Пеширово вели дека тој има неколку хектари со детелина, а без вода ќе нема никакво производство. Детелината почнала да се суши на повеќе места низ нивата.

-Штетите се огромни, се ни се исуши. Имам под концесија земја, мои ниви, годинава ќе немам никаков род, а треба да платам за концесија, вода. За да опстанам ќе треба и кредит да земам, вели Стојанов.

Десетчленото семејство на Драги Павлов од село Долно Црнилиште егзистира само од земјоделство, годинава бостанот наместо да го продаде на пазарот, скапува на нивите.

-Сигурно имаме 20 тони „изгорени“ дињи, сега како што се исушени. Имам детелина околу 30 хектари, лозје околу три хектари и се е хаос, вели Павлов.

Земјоделецот Злате Јовановски освен со земјоделство се занимава и со сточарство. Годинава ќе нема храна за неговите крави, бидејќи детелината му се суши без вода.

-Претходниот откос исто немаше доволно вода и беше со 50 отсто, а сега ќе биде 80 отсто помал прионос на детелината. Што да правам ќе немам за моите крави, а не пак да продавам, вели Јовановски.

Земјоделците појаснуваат дека вода за наводнување добиваат преку ХС „Брегалница“, а одговорен за дистрибуција подружницата водостопанство во Свети Николе. Меѓутоа, кога побарале одговор кој е одговорен, секој различно им го презентирал проблемот.

Фото/МИА

-Од ХС „Брегалница“ велат дека тие немаат обврска да ни пуштат вода. Јас не знам на кого плаќаме за вода. Водостопанство Свети Николе треба да направи побарувачка и тврдат дека имало шест метри кубни вода во секунда, а ние немаме ниту еден кубик, никој не е наводнувал, вели младиот земјоделец Стојанов.

Земјоделецот Игор Коневски вели дека секој ден се на нивите, со надеж дека ќе дојде вода за нивите.

-Еве цевките ми се на нивите, нека дојдат нека кажат нема веќе вода, да не се нервираме едноставно, испоцркавме трчајќи и враќајќи се од дома до нивите, вели Коневски.

Во Овче Поле има 4 500 регистрирани индивидуални земјоделци и ова е единствен извор за егзистенција на нивните семејства. Тие бараат итна средба со ресорниот министер, Љупчо Николовски и на лице место да види каква е состојбата со системот за наводнување, но и штетите кои ги имаат на нивите, во спротивно како што велат, ќе бидат принудени да организираат масовни протести и блокади.

МИА

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:свети николе
Претходен напис Николовски: Еден од приоритетите на МЗШВ е афирмација на локалните манифестации, оваа година со 5 милиони денари поддржуваме 47 локални настани
Следен напис Цените на житарките во пад по деблокирањето на украинските пристаништа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?