Сувото овошје е полно со хранливи материи. Сушењето на овошјето овозможува свежиот плод да се сочува подолго со сите корисни состојки така што ќе му се извлече водата. Така останува чист овошен шеќер, поради што сувото овошје има многу калории и затоа е многу послатко.
Од сите хранливи материи во грозјето најзастапен е овошниот и гроздовиот шеќер, а освен тоа, овошјето содржи и витамини, органски киселини и минерални материи. Од витамините присутни се витамин Ц, витамин Б, витамин А и витамин Е.
Само одредени сорти грозје се сушат, со што се добиваат зрна кои се уште поконцентрирани во своето богатство на разни хранливи состојки. Сувото грозје е многу здрав и вкусен извор на природен шеќер, поврзан со растителни влакна, па можеме да го користиме секогаш во замена за шеќер. Богато е со минерали, особено со калциум и железо.
Сушење на грозјето
Правењето суво грозје не е толку тешко како што изгледа на прв поглед. Всушност, за тоа ви треба само грозје и трпение, бидејќи процесот во кој грозјето од свежо грозје се претвора во златно суво грозје бара време.
Можете да направите суво грозје од сите сорти трпезно грозје. Единствениот услов е грозјето да е зрело, да нема болести или механички оштетувања и да нема семки.
За производство на суво грозје, се одвојуваат зрна со иста големина и боја, со подобра структура. Грозјето треба да има најмалку 22% шеќер, по што исушеното грозје ќе достигне нов шеќер до 70-75 проценти.
Избраните зрна се потопуваат 3-4 секунди во зовриен раствор од вода и сода бикарбона од 0,3 – 0,4%.
Следува суштинскиот процес на сушење, кој се прави на сонце или под сенка, или во специјални сушари. Зрната обработени во раствор од сода се ставаат на бела хартија, подалеку од инсекти и штетници и се сушат на сонце 7 дена. Потоа се вртат и се сушат уште 7 дена.
Потоа следува внимателно сушење со вентилатор и пакување во платнени вреќиќки. На овој начин, со малку напор во текот на целата зима при рака можете да имате домашно подготвено суво грозје.
