Романија го завзема второ место помеѓу земјите од Европската унија по обем на продажба на пченица, а заедно со Франција и Русија е главен извозник на житарици за Блискиот Исток поточно Египет како главен купувач. Романија оваа година поради долготрајната суша ќе произведе многу помалку пченица но како што тврдат стручњаците и земјоделците, би требало да има доволно вишок за да се понуди на меѓународниот пазар.
– „Изложени сме на двоен удар. Сведоци сме на многу лоша година за пченицата, слично како во 2002 година , кога растенијата преку зимата измрзнаа бидејќи немаше снежна покривка, а после тоа следуваше пролет без дождови“, изјави бившиот романски министер за земјоделство Петар Деа и додаде дека според последните податоци од терен во 10 региони од вкупно 41, родот е оштетен и до 100 %, пренесува Ројтерс.
Лауренто Бачиу, земјоделец од источна Романија на границата со Молдавија, изјави дека 80 до 90 % од нговите 650 хектари земја засадени со пченица пченица се оштетени.

– „ Дури и ако сега падне дожд, тоа нема да биде доволно. Сите очекуваме многу помалку приноси, можеби дури и за половина, во однос на минатата година“, изјавил Бачиу.
Минатата година се остварени рекордни приноси
Оваа држава минатата година оствари рекорден принос на пченица, од околу 10 милиони тони на 2,1 милион хектари земја , додека земјоделците и трговците во оваа година очекуваат 5 до 7,5 милиони тони. Вкупната жетва на житото во Украина од 2019 до 2020 година изнесуваше 75 милиони тони што е исто така рекорд.
Домашната потрошувачка се движи од 2,5 до 3 милиони тони што би значело дека ќе има вишок пченица која ќе бида испртена за извоз и тоа од 2 до 4,9 милиони тони. Помалиот род поради прекумерната суша ќе има и добри страни, бидејќи ќе спречи појава на болести ( кои ги предизвикува габата Claviceps purpurea), а тоа е клучен услов на египетскиот пазар, истакнуваат стручњаците.
Гледајќи во иднината, украинскиот министер за економски развој и трговија Ихор Петрашко, изјавил дека оваа земја ја разгледува опцијата за ограничување во трговијата со жито и додава дека најважное да се воспостави рамнотежа помеѓу заработката во странска валута и сигурно снабдување со храна за време на пандемијата.
Владата би требало да ги објави службените проценки и во април да го изненади пазарот со запирање на извоз на пченица на една недела поради стравот дека глобалните мерки на запирање на пандемијата ќе поттикнат голем бран на купување поради зголемените залихи.