Европските сезонски земјоделски работници кои имаат договор за работа ќе можат да дојдат во Франција на работа, изјави фрнацускиот министер за земјоделство Дидије Гијом.
– “ Странската работна сила наредните денови ќе може да дојде со сите гаранции за нивната безбедност”, изјави Гијом одговарајќи на прашања oд пратениците во францускиот парламент.
Според неговите зборови, граѓаните од Европската унија кои имаат договор за работа во Франција ќе можат да ги преминат границите кои се затворени поради епидемијата од корона вирусот под услов нивната санитарна безбедност да биде гарантирана.
Гијом додава уште дека условите за нивната работа и сместување ќе бидат предмет за „ водич за добра пракса“.
Францускиот министер додава уште дека сезонските работници често се сместуваат во спални со кревети кои се премногу блиску и дека тоа сега нема да биде можно поради мерките за заштита од корона вирусот.
Извор: Beta
