Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Корона кризата отвори нови пазари за замрзнато овошје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Корона кризата отвори нови пазари за замрзнато овошје
АгровестиПазари

Корона кризата отвори нови пазари за замрзнато овошје

Објавено 21/05/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако корона вирусот ја уназади економијата и донесе загуби во земјоделството, сепак за одредени сектори може да биде и шанса за нова работа. Познавачите велат дека поради прекинатите потрошувачки синџири ширум светот, ова е одлична можност за производителите и извозниците на замрзнато овошје од цела Европа, па така и од Србија. Како нови пазари се споменуваат Јужна Америка и Африка.

Пред пандемијата, прогнозите за Латинска Америка најавуваа раст на пазарот за длабоко замрзнато овошје и тоа од од 5,8% до 2023 година,а за Блискиот Исток и Африка 4.91 %. Тоа се секако интересни потенцијални пазари и за Србија. Меѓутоа, отворањето на нови пазари веројатно ќе го дочека крајот на пандемијата.  

Производителите на замрзнато овошје од ужичкиот крај во Србија имаат искуство во извоз на замрзнато овошје, околу 50 години и присутни се на пазарите на повеќе од 40 земји од целиот свет. Кризата предизвикана со појавата на корона вирусот  доведе до промена во побарувачката на овој производ, како и во делот на организација на извозот и транспортот.

Побарувачката сега е нешто зголемена, а организационо- транспортните предизвици воглавно се однесуваа на најодалечените пазари. Во земјите на Западна Европа , кои всушност претставуваат и најголем дел од пазарот, извозот е нормализиран. Особено е важно тоа што Европската комисија ги укина мерките за контрола на замрзнатите малини и капини од Србија, токму поради појавата на корона вирусот, бидејќи беше направен проценка дека во Србија се превземени разни мерки за да се намали ризикот од неговото проширување. Во оваа соседна земја со производство на замрзнато овошје се занимаваат околу 250 компании, а имаат и ладилници, со вкупен капацитет од 400.000 тони. Бројот на објекти за складирање и преработка е многу на ваквиот вид на овошје е многу поголем.

Последните неколку години одгледувањето на боровинка доби нешто поголемо внимание , но нејзиниот углед на европскиот и светскиот пазар е сеуште помал во споредба со угледот на малината.

Извор: Екапија

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:замрзнато овошјеИзвоз на замрзнато овошјемалинисрбија
Претходен напис Детална анализа на времето за следните денови
Следен напис Сушата ќе доведе до многу помали приноси на пченица во Романија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?