Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Субвенции за активен туризам: До 150.000 денари за една апликација за поддршка и подобрување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Субвенции за активен туризам: До 150.000 денари за една апликација за поддршка и подобрување
АгровестиЈавни огласи и повици

Субвенции за активен туризам: До 150.000 денари за една апликација за поддршка и подобрување

Објавено 02/05/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Mинистерството за економија го објави јавниот оглас за поддршка на активен туризам, на кој за субвенции може да аплицираат претпријатија, клубови, фондации и здруженија на граѓани кои се занимаваат со активен туризам. Субвенциите се доделуваат за направени трошоци за опрема и алатки кои ќе помогнат во подобрување на овој вид на туризам за што ќе им бидат надоместени 50% од прикажаните трошоци за оваа намена, но не повеќе од 150.000,00 денари за една апликација по апликант.

Издвоениот Буџет за оваа намена е 1.000.000 денари.

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2022 и 2023 година, но не и за следните трошоци:

-Набавка на потрошен материјал, возила, компјутери и компјутерска опрема;

-Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара субвенција;

-Царина за намените/трошоците за кои се бара субвенција;

– Курсни разлики;

– Закупнинина за деловен простор;

-Трошоци чие плаќање е направено со компензација;

-Уредување/подобрување на деловниот простор.

Претпријатието/субјектот кој што ќе биде субвенциониран по основ на оваа подмерка за набавка на опрема, има обврска истата да не ја отуѓува најмалку 2 (две) години од денот на добивање на субвенцијата и Министерството за економија го задржува правот да направи контрола.

Право на учество имаат сите заинтересирани претпријатија како и клубови, фондации и здруженија на граѓани регистрирани според Законот за здруженија и фондации основани за цели поврзани со поддршка и развој на туризмот и вршат дејност или активност во областа на туризмот и угостителството и досега (2021, 2022, 2023 година) не биле субвенционирани од Министерството за економија.

Потребни документи за пријавување и правила:

– Работење во траење од најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговскиот регистар);

-Да има деловно седиште на територијата на Република Северна Македонија;

-Има намирени обврски кон државата и вработените;

-Пополнет Образец „Барање AT-2023“ (може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk)

БарањеПреземи

-Пополнет образец „Изјава – AT -2023“ заверена на нотар (може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерство за економија www.economy.gov.mk)

ИзјаваПреземи

–Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци;

–Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија, не постаро од 2 (два) месеци;

–Фактура/и за направените трошоци за предвидените намени со Извод од банка депонент или свифт од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските за направените трошоци по приложените фактури.

Сите документи се доставуваат ВО оригинал или копија. Доколку документацијата се достави во копија, веродостојноста на горенаведената документација, ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат на секоја страница.

Доколку фактурите/договорите се на странски јазик, потребно е за истите да се достави и превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.

Еден апликант може да користи субвенција само еднаш по овој Јавен повик.

Покрај горенаведените документи, апликантот треба да достави и уплатници за платени административни такси согласно Законот за административни такси и тоа:

-Уплатница на износ од 250,00 денари

Цел на дознака: Уплата на административна такса,

Назив и седиште на примач: Трезорска сметка,

Банка на примач: Народна банка на Република Северна Македонија,

Трезорска сметка: 100000000063095,

Уплатна сметка: 840 (во зависност од општината) 03161,

Приходна шифра и програма: 722313 00.

Уплатница на износ од 50,00 денари

Цел на дознака: Уплата на административна такса

Назив и седиште на примач: Трезорска сметка

Банка на примач: Народна Банка на на Република Северна Македонија,

Трезорска сметка: 100000000063095,

Уплатна сметка: 840 (во зависност од општината) 03161

Приходна шифра и програма: 72231300

Барањата заедно со потребната документација се доставуваат во затворен коверт до архива на Министерство за економија, ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје, секој работен ден од 9.00 – 15.00 часот.

На предната страна на ковертот треба да стои назнака: До Министерство за економија, за јавен повик за финансиска поддршка за активен туризам.

На задната страна на ковертот треба да стои назив и седиште на апликантот.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот “ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“.

Доколку средствата се исцрпат додека сеуште трае јавниот повик, Министерството за економија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.economy.gov.mk

Крајниот рок за аплицирање по овој Јавен повик е до 26.05.2023 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по исцрпување на расположивите средства и по завршувањето на рокот за аплицирање нема да бидат разгледани.

Може да ви се допадне

Нова инвестиција на „Пурпласт“ вредна 15 милиони евра, до 200 нови работни места
Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
МЗШВ учествуваше на првиот Македонско-Романски економски бизнис форум
Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност
Таг:Mинистерството за економијаактивен туризам
Претходен напис МЗШВ почнува голема теренска информативна кампања за ИПАРД
Следен напис Природни методи на сузбивање на лисни вошки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?