Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Стопанските комори ќе го диктираат решението за трговските марки со Грција


Од бизнис заедниците во земјава и во Грција ќе зависи како и кога ќе се реши употребата на името „Македонија“  за комерцијална употреба т.е. во трговските марки и заштитни знаци. Првиот човек на македонскиот тим во Меѓународната експертска група, формирана со договорот од Преспа да го затвори ова прашање, смета дека е крајно време Стопанските комори и во двете земји да формираат нивни заеднички тимови и да почнат со конкренти раговори на терен.

„Се обидуваме да ги анимираме нив затоа што дел од стопанствениците немаат доволно познавање од тоа и не сметаат дека е тоа нивно прашање, иако во Договорот член 1.3 ж) стои конкретно дека деловните заедници се тие кои што ќе треба да ги разрешат, во крајна инстанца, да ги разјасната овие прашања, а меѓународната група на ексепрти е тука да им помага сето тоа да се одвива во согласност со меѓународното право“,  вели Ѓорѓи Филипов, шеф на македонскиот експертски тим.

Филипов вели дека државата не може да преговара во име на компаниите бидејќи се работи за приватно право на стопански субјекти и таа не може да им ги одзема тие права, односно да им каже дека некоја нивна марка не важи.

Експертската група која со Договорот од Преспа има рок од три години да најде решение за трговските марки досега разгледувала некои предлози, но не конкретно за трговски марки, како што вели Филипов, туку само за пристапот на решавање на прашањето.

Рокот од три години, смета тој, е доволно да се затвори прашањето.

„Ако тераме само по меѓународно право лесно може да се разреши се. Меѓутоа бидејќи е оптеретено со политички прашања, досега ние не можевме да заштитиме марки во ЕУ бидејќи априори се одбиваа со таков назив, затоа што ние не сме членка на Европскиот завод за интелектуална сопственост, тие се членка и нормално дека се во предност. Сега со овој Договор и со тоа што Република Северна Македонија е единствена држава во свет која што во името го има Македонија, имаме малку поинаква позиција“, изјавиФилипов.

Во Македонија се регистрирани 3.200 компании кои го користат името „Македонија“, но ниту една од нив не е регистрирана во ЕУ. Во Грција компании кои го користата името „Македонија“ има 3.500, од кои 17 се регистрирани во ЕУ.

„Ниту едно нешто нема да биде променето се додека не се согласат двете страни“, вели Филипов.

Решавањето на трговските марки треба да ја подобри бизнис климата меѓу двете земји, со оглед дека Грција во моментов е е трет трговски партнер на земјава со 700 милиони евра трговска размена.

Меѓународната комисија која беше формирана и започна со работа во јуни, се уште не е комплетирана, недостигаат двајца членови кои треба да ги делегира европската организација за интелектуална сопственост. Свои член има Светската организација, а двете земји учествуваат во неа со по пет експерти, од кои Грција по смената на власта смени двајца свои членови. Вториот состанок на Комисијата треба да се случи до крајот на годината.

Извори:Телма

Дек 11, 2019agrotim1
Земјава меѓу рекордерите во фрлање храна, наскоро закон и стратегија за справување со вишоцитеЛозовиот насад потребно е да се одржува и во фаза на мирување на виновата лоза

Напишете коментар Откажи одговор

11/12/2019 Пазаридоговорот, македонија, марки, преспа, трговски78

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019