Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјава меѓу рекордерите во фрлање храна, наскоро закон и стратегија за справување со вишоците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјава меѓу рекордерите во фрлање храна, наскоро закон и стратегија за справување со вишоците
Агровести

Земјава меѓу рекордерите во фрлање храна, наскоро закон и стратегија за справување со вишоците

Последна измена: 11/12/2019 12:03
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители. Честопати сме ставени и на листата рекордери во загуба и отпад од храна, а истовремено се соочуваме со неможност да обезбедиме доволно храна за ранливите социјални категории. Бројките се многу загрижувачки и покажуваат дека 460.000 жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна. Трендот во загубите е нагорен и околу 30 отсто од храната произведена или увезена, никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето во текот на транспортот или е фрлена од големите трговски синџири и потрошувачите, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски на денешната консултативна работилница за креирање стратегија и надминување на овој проблем.

Покрај негативниот ефект врз животната средина, соочени сме, дополни Димковски, и со големи количества храна кои завршуваат на отпад, наместо да стигнат до оние на кои им се најпотребни.

– Ова е загрижувачки податок кој јасно укажува на важноста на проблемот и потребата од усогласени политики и преземање акција на сите нивоа. Со намалување на отпадот и дистрибуција на вишокот храна до луѓето на кои им е потребна, би можело значително да се ублажат гладта и сиромаштијата кај нас, нагласи министерот.

Тој го најави новото законско решение кое ќе овозможи донирање на вишокот храна и нејзино безбедно завршување кај ранливите категории граѓани. Законот е во владина процедура, а беше инициран од невладината „Ајде Македонија“.

– Предлог-текстот предвидува организирање соодветен систем за донирање на храната, негово спроведување преку формирање посебна група оператори со храна кои ќе работат со донираните количини, одредување категории на корисниците на храната и мерки за безбедноста на донираната храна. Клучно е што пристапот е многу флексибилен за де да опфатат што повеќе учесници во системот, објасни раководителот на Секторот за јавно ветеринарно здравство во Агенција за храна и ветеринарство, Сашко Арсов.

Паралелно со изготвувањето на законското решение, МЗШВ почна комплексен процес кој инволвира институиции и претставници од приватниот сектор за да се намалат загубите на храна. Во рамки на овие активности, извршена е анализа на шест вредносни синџири на овошје и зеленчук, јаболка, сливи, праски, домати, зелка, пипер, култури со висока вредност и склони кон загуби и отпад.

Како што беше речено на работилницата, во светски рамки речиси една третина од вкупно произведената храна на годишно ниво се фрла, 800 милиони луѓе живеат со ризик од глад, додека пет милиони деца умираат. Милениумската цел на Обединетите нации до 2030 година да се преполови отпадот од храна, придонесе голем број земји да преземат активности во оваа насока и наместо фрлање, храната да се донира на најзагрозените.

МИА

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:винолуѓемесоминистерстоон
Претходен напис Слободните патувачи и алтернативниот туризам во фокусот за привлекување туристи
Следен напис Стопанските комори ќе го диктираат решението за трговските марки со Грција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?