Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Лозовиот насад потребно е да се одржува и во фаза на мирување на виновата лоза


Во лозовиот насад потребно е да се направи агрохемиска анализа на земјиштето секои 3-4 години.

Обработка и одржување на лозовиот насад во фаза на мирување на виновата лоза

После бербата на лозјето во периодот од ноември до декември се извршуваат мерки кои директно влијаат на родот следната година. По важноста може да се истакне дека најважни се : есенската длабока обработка на земјиштето, есенското ѓубрење, заштита на стеблото од ниски температури и кроење на виновата лоза.

За поправање на физичките и хемиските особини и поправка на водено воздушниот режим на земјиштето како и уништување на штетните треви и штетници се изведува есенска длабока обработка на земјиштето. Оптимално време би било после престанок на движењето на соковите во стеблото а пред појава на зимски мразеви. Коренот на виновата лоза се развива длабоко и благодарение на тоа, таа успева на разни видови на земјиште.

На суви земјишта кореновиот систем е на поголеми длабочини, па се препорачува длабока обработка на земјиштето (20-25 см), спротивно на тоа каде има повеќе влага, плитка обработка (15-20 см).

Со растресување на подлабоките слоеви се сече коренот на виновата лоза и така се забрзува неговото разгранување и моќта на впивање. Во зависност од конфигурацијата на теренот и можностите во насадите со винова лоза длабоката обработка може да се изведе со разни плугови.

Лозјето да се ѓубри после резултатите од агрохемиската анализа на земјиштето. Насадите со винова лоза во редовното производство бараат редовна и правилна исхрана.

Би би подобро да се обработи агрохемиската анализа на земјиштето секои 3-4 години, која ќе ни даде сигурни податоци за плодноста на земјиштето. Со редовно ѓубрење ќе се надокнадат органските и минералните ѓубрива кои недостасуваат.

Од органски ѓубрива се употребува компост,тресет,арско и зелено ѓубриво.

За подобра содржина на хумус за еден отсто на длабочина до 30 см , неопходно е со мелиоративно ѓубрење да се внесе барем 40-60 ѓубре по хектар. Во зависност од начинот на примена на ѓубривото може да се изведе во дупки или на целата површина на земјиштето во лозовиот насад ,после што се врши затрупување и заорување со плугови. Во пракса се покажало дека се погодни минералните ѓубрива кои ги карактеризира лесна растворливост, пристапност до растението и висока концентрација.

За есенско ѓубрење погодни се ѓубрива со однос 1: 2: 3 кои се употребуваат во есен и пролет пред почеток на вегетацијата, пред длабока обработка на земјиштето.

Дек 11, 2019agrotim1
Стопанските комори ќе го диктираат решението за трговските марки со ГрцијаАПРЗ ВО БРИСЕЛ – Презентација на правото на ЕУ како дел од скринингот

Напишете коментар Откажи одговор

11/12/2019 Советиагрохемиска анализа, земјиште, лозје, обработка, плуг552

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019