Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанската комора на Македонија прогласена за дигитален шампион за 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанската комора на Македонија прогласена за дигитален шампион за 2021 година
Агровести

Стопанската комора на Македонија прогласена за дигитален шампион за 2021 година

Објавено 02/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската трговска организација, Меѓународната стопанска комора и Меѓународниот центар за трговија ја прогласија Стопанската комора на Македонија за дигитален шампион за 2021 година.

Наградата „Дигитален шампион” Комората ја доби за Проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење.

Потпретседателката на Стопанската комора на Македонија Елена Милевска Штрбевска денеска во 14:30 часот ќе ја прими наградата „Дигитален шапион” на годишната редовна министерска конференција на Светската трговска организација, во конкуренција на над 100 поднесени апликации од сиот свет. Таа ќе има и свое обраќање, а потоа ќе следи и официјалната објава од страна на трите реномирани институции – Светска трговска организација (WTO), Меѓународна стопанска комора (ICC) и Меѓународниот центар за трговија (ITC).

– Процесот на дигитализација го започнавме кон крајот на 2020 година и во соработка со нашиот партнер „Некстсенс” ДОО Скопје, во мај 2021 година успешно го завршивме, со интегрирано решение за дигитална трансформација на деловните процеси, што ќе ги замени сите хартиени процеси на подготовка и на издавање дигитални, безбедни, правно-обврзувачки и верифицирани документи. Нашата дигитална платформа е токму тоа, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Наградата, како што се наведува, е потврда за постигнатиот напредок во работата и претставува поттик за сите нас и натаму да продолжиме да ги развиваме своите напредни идеи и да им служиме на своите членки. Стратешка цел на Комората е да работи во интерес на своите членки, да поттикнува постојан напредок, преку воведување иновативни форми и методи на работа, и да ги зајакне сопствените капацитети.

-„Комора на иднината” претставува одговор на потребите на бизнис-заедницата да има силен партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество. Компанините со овој проект добија скратување на времето потребно за добивање на документи за 82 отсто, скратување на трошоците за поднесување и подигнување на документите на 0, без трошоци за печатење, добија дигитално потпишан документ во согласност со регулативата на ЕУ и бр. 910/2014 (регулатива eIDAS) и е компатибилен со стандардот PAdES (PDF Advanced Electronic Signature) за дигитално потпишување, се вели во соопштението од Стопанската комора.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:стопанска комора
Претходен напис Поради сѐ поголемите трошоци, одгледувачите на домати се префрлаат на попрофитабилни култури
Следен напис „Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ – интервенција на НФФ насочена кон решавањето на проблемите со вишокот јаболка, правење преработки од јаболкaта, воспоставување на договорни односи помеѓу откупувачите и јаболкопроизводителите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?