Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите
Агровести

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите

Објавено 28/09/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите, е предлогот на Стопанската комора за решавање на проблемот со транспортерите.

Како што објасни денеска координаторот за меѓународна соработка во Комората, Даниел Матракоски, ваквиот предлог би бил паралелен механизам на билатералните визи.

-Возачите се соочуваат со неодржлива административна пречка. Стоката не се движи сама. Ова не е миграциско прашање, туку е прашање на опстанок на европските синџири на снабдување. Вкупно 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Не е логично возачите кои ја сервисираат европската индустрија да се третираат со истите 90-дневни шенгенски ограничувања како туристите. Преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и работните средби со Европската комисија, на средбата на бизнис-платформата на КИФ ќе имаме висок претставник од Европската комисија. Таму бараме посебен статус, што значи изземање за професионалните возачи како мобилни економски работници од витален интерес, што би било паралелно со користењето на билатералните механизми, оние долгорочни визи од типот Д со земјите членки. Ние нудиме паралелен механизам на билатералните визи, рече Матракоски на прес-конференција.

Тој информира дека бариерите за превозниците ќе бидат тема и на претстојниот состанокот на министрите за економија од регионот, што ќе се одржи задутре во Цетиње. 

 -Азески, кој моментно е претседател на КИФ, ќе биде единствениот претставник на бизнис-заедницата од целиот Западен Балкан кој ќе се обрати на оваа меѓувладина средба. Тоа е значајна можност гласот на целото регионално стопанство без никакви посредници да биде директно соочен и разгледан од страна на ресорните министри и високите претставници на Европската комисија. И овој пат, како многу пати претходно, таму ќе ги повториме и реафирмираме пораките на стопанството што произлегуваат исклучиво од секојдневната деловна реалност. Во фокусот се барања што деловната заедница упорно ги застапува: отстранување на административните пречки во трговијата, надминување на застоите при протокот на стоките преку проширување на зелените коридори, целосна меѓусебна хармонизација и признавање на трговската и фитосанитарната документација, како и етапо и забрзано приближување на нашите компании до единствениот европски пазар преку инструментите на Планот за раст. Исто така, уште еднаш укажуваме на потребата од олеснување на новите прекугранични процедури со цел тие да не прераснат во дополнителен финансиски и оперативен товар врз секојдневното деловно работење на нашите компании, потенцира Матракоски.

Домаќин на состанокот на министрите е црногорскиот заменик-премиер и министер за економија, Ник Ѓелошај.

Како дел од севкупните активности поврзани со претседателството на Црна Гора со Берлинскиот процес, паралелно во земјата се одржува и 15. специјализирана меѓународна конференција „Поврзување на економиите за посилен раст и европска интеграција“, чиј домаќин е Стопанската комора на Црна Гора.

-Веднаш по состанокот на министрите за економија, во Будва ќе се одржи состанокот на бизнис-платформата ЕУ – Западен Балкан. Оваа работна платформа на едно место ќе ги собере лидерите на коморите од регионот, на чело со претседателот Азески, истакнати стопанственици од Бизнис-советот на КИФ, меѓу кои и македонски бизнисмени, претставници на регионалните тела ЦЕФТА и Советот за регионална соработка, раководни претставници од соодветните министерства, како и високи претставници на Европската комисија од Генералниот директорат за проширување и источно соседство. Ова е директен институционален механизам каде три години по Планот за раст и две години по Акцискиот план за Заеднички регионален пазар, отворено ќе се презентира извештајот за нивното спроведување и ќе се измери вистинскиот ефект врз секојдневното работење на компаниите, истакна Матракоски.

Според него, суштината на оваа платформа е структурирана низ три клучни дебати што ги отвораат најболните прашања за бизнисот: зошто договорените политики не носат побрз проток на стоките и како институционалните реформи реално да стигнат до компаниите наместо да останат само на хартија, директно соочување со ЦЕФТА и институциите за отстранување на конкретните нетарифни бариери, признавањето на фитосанитарните сертификати и драстично намалување на застоите на границите, како и подготвеноста на нашите компании за строгите европски регулативи.

-На средбата ќе бидат претставени и конкретни наоди за поврзување на регионалните синџири на снабдување по одделни тарифни броеви преку Меѓународниот институт за бизнис анализи, а поткрепени со дигиталната алатка Market Access, со крајна цел дефинирање конкретни приоритетни чекори што мора да се испорачаат во следните 12 месеци, рече Матракоски.

Притисокот на бизнисот за поголема економска соработка се потпира врз прецизни показатели што ја одразуваат состојбата на терен.

-Изминатата деценија, трговската размена на Западен Балкан со Европската Унија забележа стабилен раст, зголемувајќи се од 39,4 милијарди евра во 2015 година на над 88 милијарди евра во 2025 година, при што пазарот на Унијата апсорбира околу 77,5 отсто од вкупниот извоз на регионот. Сепак, структурен предизвик претставува фактот што трговскиот дефицит на регионот со ЕУ исто така се зголеми, надминувајќи 14 милијарди евра во 2025 година, што јасно укажува на потребата од создавање производи со повисок степен на преработка дома. Истовремено, податоците покажуваат дефицит од околу 190.000 квалификувани работници во индустриските дејности, наспроти голем процент на економски неактивно работоспособно население. Со прилагодено образование и стручно оспособување постои реален простор за постепено активирање на дел од тој потенцијал, кој на регионално ниво изнесува до 2,8 милиони луѓе. Дополнително, прекуграничните инвестиции меѓу самите шест економии сè уште учествуваат со помалку од пет отсто во вкупните инвестициски текови, што зборува за голем неискористен потенцијал за заеднички деловни потфати, нагласи Матракоски.

На ниво на коморската заедница преку КИФ, се нотираат пет конкретни развојни иницијативи кон кои се насочува регионалниот деловен фокус: крај на нелојалната трка за странски инвестиции, вклучување на домашните фабрики како главни снабдувачи, преглед и поттик за меѓусебни инвестиции, обука и вработување домашни кадри наместо недостиг на работна сила, како и директна и брза врска со Брисел за итно отстранување на бариерите (воспоставување постојан оперативен дијалог со Европската комисија каде проблемите и бирократските кочници со кои се соочуваат нашите извозници веднаш ќе се лоцираат и експресно ќе се решаваат, наместо со месеци да чекаат по институционалните лавиринти). 

МИА

Може да ви се допадне

МЗШВ: На 30 септември истекува рокот за поднесување барања за субвенции за 2026 година
ДДВ од 10% за горивата продолжува до 12 октомври
МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација
Азески со домашните бизнисмени околу Законот за јавни набавки на средба со трите регионални комори од Прилеп, Битола и Кичево
КЗК: Контроли во 30 откупни центри на земјоделски и градинарски производи, констратирани можни прекршувања на прописите
Таг:Стопанската коморатранспортеритетуриститешенгенските ограничувања
Претходен напис ДДВ од 10% за горивата продолжува до 12 октомври
Следен напис МЗШВ: На 30 септември истекува рокот за поднесување барања за субвенции за 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?