Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024
Субвенции

Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024

Последна измена: 16/11/2024 22:19
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата Студио 10 на 24ТВ најави дека до крајот на оваа година ќе се исплатат сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година.

– Со доаѓањето на Владата се доделија 600 милиони денари за подмирување на долгови за неисплатени субвенции за изминатите 2021, 2022 и дел од 2023 година, некои мерки воопшто не беа исплатени, некои половично па беа доплатени. Со ребалансот се издвоија уште 1.280.000 денари. До крајот на 2024 година ние нема да имаме неисплатени обврски ниту за 2022, ниту за 2023, ниту за 2021 значи до последен денар земјоделците ќе бидат исплатени. Се прават напори и од страна на Министерството за финансии и од МЗШВ заедно со Владата да се изнајдат средства да се исплати голем дел од 2024 година.

Стоилев се осврна и за исплатата на субвенциите за органското производство.

-Разговаравме и во делот на органското производство, кое го субвенционираме, нормално ние имаме стада и површини кои се сертифицирани но има еден друг проблем дали ние имаме органски производ, дали имаме каде да го купиме или имаме само сертифицирани површини и стада. Во делот на органското производство ние како Агенција имаме контрола на терен, но морам да ви кажам дека тој сектор за контрола на терен е премногу оптеретен. Тој сектор го контролира органското производство, директни плаќања, националната програма за рурален развој и ИПАРД програмата.Секогаш кога се забележат веднаш се нотираат и во реално време  веднаш се процесуираат доколку се открие дека има злоупотреби. Имаме соработка со АХВ во сточарскиот дел и со сите останати институции – рече Стоилев.

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
Таг:ахвмзшворганскостоилевсубвенции
Претходен напис Стоилев: Ќе ја забрзаме процедурата за ИПАРД 3, акредитираме нова мерка, 16 милиони евра за општините
Следен напис Копар – едногодишно растение што може да се сее од март до август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?