Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Копар – едногодишно растение што може да се сее од март до август
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Копар – едногодишно растение што може да се сее од март до август
Растително производство

Копар – едногодишно растение што може да се сее од март до август

Последна измена: 17/11/2024 13:30
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Копарот потекнува од подрачјето околу Средоземното Море. Старите Египјани, а подоцна и Грците и Римјаните го користеле како лековито растение.

Се користат листовите за супа, сосови, како додаток на јадења. Цветовите, листот и младото растение копар се користат за конзервирање на зеленчук, но и во фармацевтската индустрија. Богат е со етерични масла кои даваат специфичен мирис и вкус. Листот копар е богат со витамин Ц.

За копарот постојат голем број народни верувања како што се дека чајот од копар ја лечи слабоста на желудникот и помага при варењето, а на жените доилки им го засилува млекото.

Копарот е едногодишно растение. Коренот му е вретенест и длабок. Листовите се повеќепати поделени со залистоци, со светло зелена боја. Во генеративна фаза стеблото се издолжува и се разгранува. Достигнува височина од 80-130 см. На врвот на стеблото е делот со цветови со зеленкасто жолта боја. Семето му е ситно со темноцрвена боја.

Може да се одгледува на нива, во градина, во заштитен простор и тоа како зачинско растение или како индустриски вид. Копарот се сее во повеќе наврати, секои 15-20 дена.

Длабочината на сеидбата е 1,5-2 см. Сеидбата почнува во март и завршува на крајот на јули и почетокот на август. При производство на зачински копар растојанието меѓу растенијата е 20-25 см. За сеиба е потребно околу 8 кг/ха семе.

Бербата за зелените пазари е кога растението достигнува височина 15-25 см и има развиени 3-4 листа. За индустриско користење, зависно дали користиме цело растение или семе, се врши отсекување на целото растение и тоа кога растението достигнува височина од 30-60 см.
Бербата започнува во мај и треба да трае континуирано до крајот на октомври.

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во март 44 763  денари
Нов вирус им се заканува на пиперките: Во Шпанија се заразени повеќе од илјада хектари
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 03.04.2025 година
Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Таг:августкопармартрастениесее
Претходен напис Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024
Следен напис Во тек е повик за Мерка 7 од ИПАРД: 600.000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?