Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стоилев: Ќе ја забрзаме процедурата за ИПАРД 3, акредитираме нова мерка, 16 милиони евра за општините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Стоилев: Ќе ја забрзаме процедурата за ИПАРД 3, акредитираме нова мерка, 16 милиони евра за општините
Субвенции

Стоилев: Ќе ја забрзаме процедурата за ИПАРД 3, акредитираме нова мерка, 16 милиони евра за општините

Објавено 16/11/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата Студио 10 на 24ТВ зборуваше за актуелниот повик за Мерка 7 од ИПАРД 3, за можностите и условите за аплицирање. Исто така го коментираше и реализирањето на ИПАРД 2.

-До крајот на ова година има обврска да ја затвориме кампањата за Ипард 2 програмата, ги контактираме за договорите, останаа уште 11 според наши видувања и анализи до средината на декември би требало и тие да бидат исплатени последните субјекти. Во моментов искористеноста е 81 % , со сите овие договори кои ќе треба да ги склучиме ќе дојдеме до 82 проценти искористеност – што е одличен процент, вели Стоилев.

– За динамиката која не следи сега во Ипард 3 презадоволен сум како функционира, работиме на поголема транспарентност, поголема ефикасност, ги детектиравме потешкотиите кои ги следеле нашите тимови кои работеле по Мерка 3, Мерка 1 и Мерка 7 за да го забрзаме овој дел бидејќи премногу време трае целата процедура од најава, објава до исплата. Тука мораме да кажеме дека одредена методологија ни создава одредени потешкотии при набавка на референтни цени, мора таква е процедурата, такви се правилата и може да ни одземе два три месеци непотребно апликантите да чекаат. Знаеме дека на бизнис сектор најскапо му е времето додека нарача една машина ќе помине една година и ја добие ке излезе некоја нова генерација. Ние сме свесни за таа аномалија и затоа сакаме да воведеме нов софтвер кој ќе ни ја олесни и убрза таа работа да можеме меѓусекторски да бидеме поврзани и да бидеме компатибилни за таа цела процедура да трае многу пократко – изјави Стоилев.

Што се однесува до други основни информации, Стоилев потсети дека учеството на ЕУ во ИПАРД буџетот е 75 проценти, а нашата контрибуција од македонскиот буџет е 25 проценти така да целокупниот трансфер на средства оди преку Министерството за финансии, нашата соработка е извонредна и се надевам дека и понатаму ќе продолжи и ќе биде во интерес на нашите субјекти.

– Ние сме веќе на прагот да акредитираме нова мерка која се однесува на развој на општините во делот на руралниот развој каде што ќе имаме една сериозна конкуренција од општините кој може да ги добие. Станува збор за развој на општините за инфраструктурни објекти, улици, патишта, мостови било што, а таа мерка ќе има буџет од 16 милиони евра. Ние како Агенција го имаме проблемот со работна сила бидејќи ЕК , платежната агенција ја мери, вреднува според  капацитетите и сите акредитирани мерки не доаѓаат сами по себе туку ние како Агенција мораме реално да ги убедиме дека поседуваме соодветни капацитети да можеме да ја спроведеме таа мерка, значи во делот на човечки ресурси, просторни услови и материјални ресурси.

Општините мора да имаат издржани проекти и соодветен  кадар и ресурси тоа да го спроведат. Мислам дека дел од општините сеуште немаат соодветен  стручен кадар да менаџираат со овие инфраструктурни проекти ако дојдат тие средства кои што се од ЕУ дополнително ќе им требаат нови ресурси. Само за пример Хрватска како членка на ЕУ користи фондови кои се наменети за членки на ЕУ за земјодлеството, руралниот развој и рибарство. Во период од 7 години Хрватска користи неверојани 3.400.000 евра, Македонија користи 97 милиони евра, ќе тропаме на врата  за влез во ЕУ и мора да биде подготвена , може нема да бидат толку, може ќе бидат 1.200.000 евра но тие треба да се алоцираат соодветно од стручен кадар кој работи во Ипард агенцијата. Но тоа не се создава преку ноќ, за тоа треба време и овие милиони кои што сега ги алоцираме треба да допринесат да се остручат што повеќе лица за да можат утре да бидат подготвени и да дадат придонес за соодветната македонска економија – заклучи Стоилев.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
Трипуновски: ИПАРД средствата повторно достапни за македонските земјоделци
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
Таг:ипардискористеностмеркаопштини
Претходен напис Ѓорѓиевски: 35 дена врвна јапонска специјализација која поместува граници, нова визија за развој
Следен напис Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?