Во очекување да се отвори системот за пријавување на земјоделски субвенции за 2026 година ве потсетуваме кои земјоделци треба да бидете подготвени за аплицирање согласно Уредбата за директни плаќања.
Поднесувањето на барањата е по електронски пат на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
На сите оние кои им треба помош при пријавувањето можат да се обратат во подрачните канцеларии на МЗШВ и Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој.
1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за поледелски култури, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.3. Директни плаќања по обработливa површина за градинарски култури на отворено и во пластеници, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.2 Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади, рајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
4.3. Директни плаќања за вештачко осеменување на женско говедо и добиено теле, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
3.3. Директни плаќања за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
2.2. Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
4.1. Директни плаќања за набавка на лозов и овошен саден материјал, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
3.6. Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
4.2. Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
3.7. Директни плаќања за предадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.10. Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.11. Директни плаќања за женски приплодни грла свињи маторици, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.12. Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.9. Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.8. Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.7. Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци, крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
Барателите, пред да се потпишат на барањето и да потврдат дека се согласуваат со внесените податоци, да проверат дали во барањата им се наведени сите култури кои ги одгледуваат. Исто така важно е да проверат и дали катастарските парцели кои се внесени во барањата им соодвествуваат со фактичката состојба, па дури потоа да ги потпишат барањата.
Поддршка за пријавување на субвенции можете да добиете и преку приватни субјекти:
