АФПЗРР подготвена за историски најголемата исплата на субвенции во една календарска година, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.
Започната е административната обработка и спроведување на процедурите за исплата на финансиска поддршка (субвенции) по мерки од растително и сточарско производство. Реализацијата ќе се заврши до крајот на годината.
Владата, МЗШВ, Министерството за финансии и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој интензивно и посветено работеа земјоделците да ги добијат заслужените субвенции.
Фејсбук статус на Илија Стоилев
