Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство
Предлог бизнис

Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство

Последна измена: 16/12/2024 20:54
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Марјанчо Цветкоски од Прилеп, е регистриран земјоделец кој задно со сопругата Христина 20 години произведуваат тутун на 4 ха во село Марул, со годишно производство од 5 до 8 тони исклучително квалитетен тутун.

Од земјоделско производство освен тутун, обработуваат и житарици на 20 ха, а имаат и фарма со 19 грла добиток за месо и 5 трактори.

Нивната земјоделска приказна трае веќе 20 години и е на високо професионално ниво. Затоа се и успешни, ќе рече некој.

Тема за разговорот ни е актуелниот откуп на тутун и воопшто производството на оваа традиционална култура за прилепскиот регион.

-Ние сме четиричлено семејство и скоро 20 години произведуваме тутун на еден современ и механизиран начин. Механизцијата значително ни ја олеснува работата но останува проблемот со недостиг на сезонски работници. Најмногу работиме со сопругата, децата помагаат колку можат, но сепак се потребни сезонски работници, а тие се потешко се наоѓаат. Тоа се главно повозразни луѓе и ова им е дополнителна дејност. Тутунот е трудоинтензивна култура, со работа почнуваме уште од 25 февруари со подговка на леите, расадот, па пакување на тутунот до Нова година или додека не заврши откупот. Лани на пример заврши во февруари. Значи цела година имаме работа – вели Цветкоски.

За годинешниот род вели дека е со исклучителен квалитет, но поради сушата родот е намален.

-Годинава очекував 10 тона дека ќе произведеме, но поради сушата родот е 8 тона тутун со многу добар квалитет. Ние имаме многу вложувано во ова производство, сушари, фолија, најлон, објекти и механизација. Секоја година произведуваме мегу 5 и 8 тони тутун зависи од временските прилики и тоа високо квалитетен. Годинешната цена од 400 денари е добра, но јас би рекол повторно неправедност има кон нас што произведуваме квалитет.Имаме и големи вложувања, веќе кажав какви инвестиции имаме направено и дополнително плаќаме работна рака. Мислам дека треба да се прави разлика и дека не е важен квантитетот туку квалитетот- вели за Агротим Цветкоски.

И покрај проблемите, вложениот труд и инвестирањето, Цветкоски е задоволен од производството на тутун. Нивната земјоделска приказна го потврдува фактот дека ако се работи професионално, ако се инвестира во производството, ако се следи новото време и се едуцираат, успехот е гарантиран.

Како вистинско земјоделско семејство, тука се и производствата на житарици и кравите производство на месо, систем крава – теле.

Сликите сами за себе зборуваат за какви професионалци се работи.

Секоја чест за нашите вредни земјоделци!

Може да ви се допадне

Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи
Млад брачен пар започнал бизнис: Прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:житарицажитарцаМарјанчопроизводствотутун
Претходен напис Стоилев: АФПЗРР е подготвена за историски НАЈГОЛЕМА ИСПЛАТА на субвенции во една календарска година
Следен напис Претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?