Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарство: Бројот на грла во Европа е намален за 8,9% во последните 20 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарство: Бројот на грла во Европа е намален за 8,9% во последните 20 години
Агровести

Сточарство: Бројот на грла во Европа е намален за 8,9% во последните 20 години

Објавено 14/01/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во период од две децении, забележен е пад во бројот на добиток во Европската Унија. Помеѓу 2001 и 2020 година, вкупниот број на свињи, говеда, овци и кози во ЕУ паднал во просек за 8,9%. Најголем пад во однос на процентите на добитокот е забележан кај бројот на овци, додека кај свињите намалувањето е релативно мало. Гледајќи подлабоко во детали во развојот помеѓу 2019 и 2020 година, популацијата на свињи во ЕУ се зголемила за 2,2%, додека е забележано намалување од 0,9% на бројот на говеда.

ЕУ има значителен број добиток: во 2020 година на фармите на Европската Унија имало 146 милиони свињи, 76 милиони говеда и околу 75 милиони овци и кози.
Исто така, најголемиот дел од говедата на ЕУ се наоѓаат само во неколку земји членки.

Помеѓу една петина и една четвртина од говедата се наоѓаат во Франција, а околу 22,4% од свињите и овците (24,8%) се наоѓаат во Шпанија.

Некои земји од ЕУ се релативно специјализирани за одгледување одреден добиток. На пример, Ирска и Шпанија се издвојуваат кога станува збор за сточарството, додека Данска и Франција се издвојуваат во одгледувањето свињи.

Распространетост на територијата на ЕУ

Индексот на распространетост засточарството покажува дека Холандија (3,8), Малта (2,9) и Белгија (2,8) имале најголем број добиточни единици по хектар земјоделско земјиште.

Од друга страна, одгледувањето стока во балтичките земји и во Бугарија е пониско, со помалку од 0,30 сточни единици по хектар.

Производство и извоз на месо во ЕУ

Во 2020 година, ЕУ произвела 23 милиони тони свинско месо. Тоа било повеќе од проценетото ниво на месо од живина, 13,6 милиони тони, што е двојно повеќе од произведеното говедско месо, 6,8 милиони тони.

Во периодот помеѓу 2004-2020 година, забележано е нагло зголемување на производството на месо од живина, при што производството во ЕУ се зголемило за дури 45,6%. Нивото на производство на свинско месо се зголемило за 9,2%, иако најголемиот дел од тој раст се случил во текот на 2013 година.

Во 2020 година, нешто повеќе од една петтина (5,1 милиони тони) свинско месо со потекло од ЕУ дојде од Германија. Додека Шпанија имаше сличен удел, околу 21,7%.
Највисоко производство на месо од живина имаше во Полска (19,8% од вкупното производство на ЕУ). Додека Шпанија (12,6%), Франција (12,3%), Германија (11,9%) и Италија (10,2%) исто така заземаа добри позиции.

Повеќе од една петтина од целото европско говедско месо доаѓа од Франција (1,4 милиони тони). По оваа земја следат Германија (16%), Италија (10,7%), Шпанија (9,9%) и Ирска (9,3%).

Производство на млеко и житарки

Во 2020 година, производството на свежо млеко на фармите во ЕУ изнесувало 160,1 милиони тони што претставува зголемување од 2,0 милиони тони во однос на претходната година.

Најголем дел од произведеното свежо млеко оди во млекарниците, а само околу 10,6 милиони тони се користи на самите фарми. Значи, од самите производители или директно се продава на купувачите, или веднаш дополнително се обработува.
Кога станува збор за житарките, најголемиот дел произведени во ЕУ се користат за исхрана на животните, а околу 30% се користат како храна за луѓето. Мал дел се користи и за растителни масла.

Извор: agromedia.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:козикрависвињи
Претходен напис Регионалниот извор „Лукар“ прогласен за заштитена зона
Следен напис Замрзнување и одмрзнување на месото – Како да се спречи расипување?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?