Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Македонските граѓани јадат безбедна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Македонските граѓани јадат безбедна храна
Агровести

АХВ: Македонските граѓани јадат безбедна храна

Објавено 03/03/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство

Македонските граѓани јадат безбедна храна, од домашно производство и од увоз, а истата редовно се контролира од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна.

Дилетантски и неосновани се обвинувањата на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, изнесени на прес конференција, со која се обиде да внесе страв кај граѓаните дека јадат небезбедна храна, свесно неосновано обвинувајќи ја Агенцијата за храна и ветеринарство, дека од јуни до ноември минатата година, поради неспроведување на мониторинг на безбедноста на храната, не се вршеле никакви проверки на нејзината безбедност.

Минатата година и во посочениот временски период, од увоз и од домашното производство и промет, земени и лабораториски биле испитани биле вкупно 6929 мостри само од храна од животинско потекло. Дополнително од увоз испитани се и 376 мостри од храна од животинско потекло, храна за животни и нус производи од животинско потекло.

Трипуновски досега требаше да научи дека официјалните контроли се основа за контрола на безбедноста на храната и нив инспекциските служби на АХВ секојдневно ги спроведуваат. Мониторинг програмите за безбедност на храната, се испитувања кои се вршат покрај официјалните контроли и претставуваат само поширок показател и основа за анализирање на ризикот и база за планирање на спроведувањето на официјалните контроли.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, храната за животни и здравјето на потрошувачите, апелираме Трипуновски место неосновано да обвинува и застрашува граѓаните дека јадат небезбедна храна, да научи што е мониторинг, а што официјални контроли. Официјални контроли Агенцијата спроведува секојдневно, во текот на целата година, а мониторингот, може и се спроведува во кој било период од годината.

Постапките за јавните набавки за вршење на лабораториски испитувања на безбедноста на храната од животинско и неживотинско потекло Агенцијата за храна и ветеринарство ги има започнато уште во февруари и истите се завршени согласно законските процедури.

Апелираме до граѓаните да им веруваат на институциите кои се грижат за безбедноста на храната и храната за животни и да не подлегнуваат на лажните политикантски обвинувања со кои кај нив неосновано се креира страв и паника дека јадат небезбедна храна.

Може да ви се допадне

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Таг:Агенција за храна и ветеринарствоахв
Претходен напис „Тиквешки семејни винарии“ со награди на регионални саеми за вино
Следен напис Водич за фармерите како да продаваат месо и преработки од месо од куќен праг
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?