Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Станкоски: Просечната откупна цена допрва ќе се движи по нагорна линија, според квалитетот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Станкоски: Просечната откупна цена допрва ќе се движи по нагорна линија, според квалитетот
Агровести

Станкоски: Просечната откупна цена допрва ќе се движи по нагорна линија, според квалитетот

Објавено 07/12/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Актуелната тутунска реколта има понизок квалитет од лани поради временските услови, а во Тутунски Комбинат производството реално се цени, и реално маката на тутунарите се проценува, тутунарите како и лани, го предаваат тутунот, и веднаш другиот ден парите ги имаат на своите сметки, потенцираше генералниот директор на Комбинатот Кире Станкоски на денешната прес конференција , како одговор на искажаните тврдења на протестите од страна на земјоделците.

Како што објавува Радио Пела, Станкоски на прес конференцијата рече дека:   

– Сите тутунопроизводители знаат дека се работи за послаб квалитет од минатата година. Имавме многу лоша пролет во време на расадување на тутунот и 20 до 30 отсто од тој тутун не успеа да биде прифатен на нивите. Имавме страшно сушно летен период, а потоа во август имавме огромни врнежи и топло време и тутунот некаде нагло прерасна. Сето тоа влијаеше да добиеме квалитет со некој послаб квалитет за разлика од минатата година.  Она што кај нас доаѓа реално се цени и реално маката на производителите се исплаќа, како што ветивме од денеска предаден тутун, финансиските средства  на своите сметки ги имаат наредниот ден.

Тутунски Комбинат до денеска до 11 часот има 6 165 кгр по просечна цена од 193 денари. Додека во изминативе речиси 2 недели ТК има откупено речиси 80 тона по просечна цена од 171, 22 ден. Од состанкот што го имавме во петокот во Министерството за земјоделство во Скопје, од страна директорот на Државен испекторат за земјоделство беше изнесено дека до тогашниот ден просечната откупна цена се движи околу 165 денари. Со ова сакам да кажам дека сите инсинуации, и лаги кои се изнесуваа викендов не се точни дека тутунот се откупува по мизерни 120 до 130 денари.  Бидејќи се работи за реколта со послаб квалитет од минатата година, она што доаѓа на нашите ваги реално се проценува. Се надевам дека и другите компании го прават истото. Доколку релаксирано се остават тутунопроизводителите бидејќи сега и временските услови тоа го дозволуваат, да го спремат својот род и да го предадат во откупните компании, оваа просечна цена дополнително ќе расте и се надевам дека сите на крајот ќе бидеме задоволни. Просечната откупна цена сметаме дека ќе достигне на обострано задоволство на сите, рече Станкоски, со образложение дека според нивните анализи досега предаденото производство е  претежно од средните и ниски берби.

Маката на тутунопроизводителите се сведува на крајот, со комплетно завршен откуп и тогаш револтот би бил оправдан смета Станкоски, кој што вели дека симптоматично е тоа што досега ниту еден производител не побарал повторна проценка од Второстепена комисија.

– Сега сме во фаза на почеток на откуп каде што бројките кои ги гледаме и квалитетот кој што пристигнува кажуваат дека просечната откупна цена ќе биде повисока и од овие 170 денари. Што значи дека очекуваме квалитетниот род, оној род од септември и октомври каде тогаш временските услови беа одлични за врвните берби совреме да се соберат и да се исушат, потенцираше Станкоски.

Моменталната ситуација со пандемијата дополнително ги усложнува работите и негативно се рефлектира врз пазарот на тутун на глобално ниво.

– Оваа индустрија, овој тутун кој што ние го откупуваме завршува во финален производ, нам ни е производ – цигарите. Бидејќи туризмот го нема, нашите гастарбајтери ги нема, намален е социјалниот живот, оваа индустрија е во 20 до 30 % падната, што значи треба, како ние да се грижиме, така и државата, но така и тутунопроизводителите. Затоа треба многу внимателно, зашто ние правиме договори врз база на претходни договори каде што нашиот тутун можеме да го предадеме. Ако ние купиме тутун со низок квалитет, бидејќи е пазарна економија и не можеме тој тутун да го пласираме, што сме направиле? Ја доведуваме во ризик нашата егзистенција. Затоа треба се знае дека оваа индустрија се гради врз меѓусебни добри и пријателски кооперантски односи, да си најдеме, по прилепски – еден мунасип, и тоа да биде на обостран интерес.

На новинарско прашање како ќе се одразат протестите врз откупната кампања Станкоски истакна дека странските компании бараат во пазарна економија – реално проценување, вреднување на трудот. Тутунопроизводителите треба да ги следат законските прописи, зашто тутунот е единствена култура која е обезбедена со закон. Јасно се дефинирани правилата на кој начин се врши проценката, на кој начин се организира производството,а тутунарите имаат делегирано свои повереници на вагите. Доколку има проблем кооперантот може да пријави до Второстепена комисија. Досега во Македонија се откупени над 300 тона, или над 1 % од вкупната количина, а досега нема ниту една пријава до Второстепената комисија. Според договорите, годинешната тутунска реколта тежи околу 23 илјади тони.

Извор: Радио Пела

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:Кире Станкоскипрес конференцијатутунтутунски комбинат
Претходен напис Нов Зеланд прогласи вонредна климатска состојба!
Следен напис Министерот Хоџа утре на средба со незадоволните тутунари во Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?