Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стадата овци од бачилата го почнаа своето патешествие до Повардарието
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стадата овци од бачилата го почнаа своето патешествие до Повардарието
Агровести

Стадата овци од бачилата го почнаа своето патешествие до Повардарието

Објавено 28/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стада овци, кои кон крајот на мај пристигнаа на бачилата и на пасиштата на планините Бистра, Стогово и Шар Планина, со доаѓањето на постудениот период, тргнаа на долг пат по патишта, планини и долини, за по две до три недели да се најдат во зимската одредница во Повардарието, каде зимите се поблаги и нема големи врнежи од снег.

– Традиционално околу 25 октомври стадата овци кои изминатите пет месеци престојуваа во бачилата во Западна Македонија, тргнаа на долгиот пат и се упатија во зимските престојувалишта во Повардарието и во помал број во Пелагонија. Патот од Бистра, Шар Планина и Стогово до последната одредница во Неготинско-Кавадаречкиот регион траат околу две до три недели. На стадата овци друштво им прават кучињата шарпланинци, натоварените коњи со храна за кучињата и овчарите и се разбира самите овчари, вели Мефаил Ајрадини, сопственик на стадо овци, кој со децении се занимава со сточарство.

Тој посочи на патешествието на стадата овци кои мора да го изминат долгиот пат за да стасаат до своето зимувалиште и проблемите со кои попатно се соочуваат.

Фото: Facebook

Во зависност од временската ситуација и теренот што го поминуваат, помал дел од овците претрпуваат одредени проблеми, подлизнувајќи се на косините од планините по кои поминуваат а не мал број страдаат и од автомобилите кога се движат по јавните патишта. Има дел и на овци кои по некоја случајност се одделуваат од стадата и се губат во шумата, по што стануваат лесен плен на гладните волци-додава Ајрадини.

Овчарите фокусирани на движењето на стадото по патиштата и речиси без подолг сон го поминуваат овој пат, бидејќи ноќеваат каде ќе ги стемни, а попатно може да заврне дожд, снег или да ги фати поголемо невреме.

– Нашата работа е многу специфична, бидејќи независно од времето мораме да бидеме крај стадото овци и будно да го следиме нивниот пат. Бидејќи попатно се движиме и по планини и густи шуми, што е причина стадата да бидат изложени на опасност од волци. Исто така движејќи се по стрмните падини низ шумите често се случуваат и повреди на овците, кои потоа отежнато го поминуваат преостанатиот дел од патот. И така секоја година на пролет кон планинските бачила, а во есен кон зимските престојувалиштА-истакнаа овчарите.

Помал дел сопственици стадата овци ги пренесуваат камионски или со воз. На овој начин транспортот е многу побрз и загубите на овци речиси ги нема, единствено треба да се плати паричен надомест за овој транспорт.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:баќчилаовципасишта
Претходен напис На фарма за гуски во Германија детектиран птичји грип
Следен напис Видео: Млада девојка вознемирува животни во скопската Зоолошка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?