Германија регистрираше високо заразен патоген вирус на птичји грип H5N1 на фарма за гуски во северниот дел на земјата, соопшти денеска Светската организација за здравје на животните.
Птичјиот грип почна да се шири на 22 октомври на фарма со 663 гуски во Брунсбител, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, пренесува Ројтерс.
Како што соопштуваат германските власти, вирусот бил потврден еден ден подоцна.
