На инстаграм-страницата на Скопската Зоолошка градина, објавено е видое на кое се гледа како една млада девојка ја прескокнува оградата од живеалиштето на мечките и ги вознемирува другите животни во зоолошката градина.
Видеото е преземено од социјалната мрежа Тик Ток каде што девојката сама го објавила.
„Студентка по криминологија на факултет за безбедност. Доаѓа во Зоо Скопје да се изживува врз животни и да си го ризикува животот.
Секако, ќе си добие соодветна пријава , а ваквото однесување е недозволиво!
п.с Чекаме едно исто вакво видео со јавно извинување“, стои во објавата на Зоолошката градина на Инстаграм.
