Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобрување на бизнис условите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобрување на бизнис условите
Агровести

ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобрување на бизнис условите

Објавено 29/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска и претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији потпишаа Договор за соработка чија цел е вложување заеднички напори за реализација на политиките неопходни за унапредување на занаетчиската дејност и креирање поволно деловно опкружување за целото стопанство.

– Сојузот се залага за обезбедување услови за работа и егзистенција за сите деловни гранки во приватниот сектор, а меѓу нив и за оваа значајна група на претприемачи. Под притисок на брзиот развој на индустријата, технолошките промени, економската трансформација, дигитализацијата, се понеповолни се условите за работа за занаетчиската дејност. Со потпишување на овој договор, ја официјализираме соработката со Занаетчиската комора и заеднички ќе делуваме за застапување на нашите интереси, изјави Арсовска.

Таа истакна и дека во насока на развојот и зајакнувањето на секторот на мали и средни претпријатија, кој е доминантен во нашето стопанство чиј составен дел е и  занаетчиството, потребно е да постојат поефикасни владини политики за поддршка.

Претседателот на Занаетчиската комора, Фазлији, оцени дека потпишувањето на овој Договор за соработка со ССК е значаен чекор.

– Во последните години, занаетчискиот сектор во нашата држава  расте и добива на важност.  Занаетчиството е важен дел од нашата економија и е движечка сила на пазарната економија на секоја држава. Во секој голем бизнис постојат делови каде што се присутни занаетчиството и занаетчиите. Поради тоа сметаме дека овој Договор за соработка помеѓу Занаетчиската комора на Република Северна Македонија и ССК е од огромно значење. Сигурни сме дека со заеднички напори и сили ќе оствариме многу успешни заеднички проекти кои ќе бидат од корист на занаетчиите и на целата деловна заедница, изјави  Фазлији.

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини
Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Хоџа во Преспа го посети младиот земјоделец Селим Зејнели
Струмица со поддршка за жените пчелари и развојот на руралните средини
Таг:бизнис условиЗанаетчиска комораССК
Претходен напис Oва се нарекува вистински мераклија на пиво!
Следен напис Пет милиони евра од ЕУ и речиси милион евра национално кофинансирање за проекти во општините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?