Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пет милиони евра од ЕУ и речиси милион евра национално кофинансирање за проекти во општините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пет милиони евра од ЕУ и речиси милион евра национално кофинансирање за проекти во општините
АгровестиФондови

Пет милиони евра од ЕУ и речиси милион евра национално кофинансирање за проекти во општините

Објавено 29/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“.

Средства во висина од пет милиони евра обезбедува Европска Унија, а дополнителните средства за кофинансирање на проектите се обезбедени од буџетот на државата и ќе се реализираат преку Министерство за локална самоуправа. Повикот има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ – солидарност, соработка и зелен пристап.

Министерот Милевски ги повика градоначалниците, граѓанските организации и бизнис заедницата заеднички да направат промени во општините преку проектот „ЕУ за општините“.

– ЕУ обезбедува пет милиони евра кои ќе бидат реализирани во општините чии проекти ќе бидат одобрени. Министерството за локална самоуправа од Буџетот на државата обезбедува 600.000 евра за кофинансирање на одобрените проекти. На овој начин им олеснуваме на општините да аплицираат и ги правиме подостапни за користење фондовите на Европската Унија. Повикот е објавен и ќе биде отворен до 30 декември. Условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините. Со иновативни решенија да ги подобрат постојните или пак да креираат нови локални услуги, нагласи Милевски.

Европската Унија, како што рече, обезбеди и дополнителни еден милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање. – Нашето членство во Европската Унија е највисок приоритет кој што ќе го реализираме преку подобрување на условите за живеење за граѓаните во сите области. Многу од очекуваните промени треба да се случат и во општините, рече министерот за локална самоуправа.

Според Милевски, главните области на кои што треба да се фокусираат проектите се: иновативни решенија за нови услуги или за подобрување на постојните, подобра социјална грижа и социјални услуги, подобрување на капацитетите на кризниот менаџмент, економско опоравување по кризата со пандемијата, работни места и вештини, како и приоритети поврзани со климатските промени и одржливото користење на националните ресурси. Имплементацијата на проектот ќе трае три години.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов потенцира дека ЕУ продолжува со поддршка на земјава, а искуствата од европските региони и градови секогаш се добредојдени. Тоа, како што рече, го очекуваме и од овој проект кој е дел од програмата на ИПА 2 за 2020 во рамки на акцијата на ЕК „ЕУ за општините“, кој треба да обезбеди трансфер на знаења и практични искуства на европските локални власти на нашите општини.

Шилегов смета дека општините ќе го дадат својот максимум, ќе аплицираат за средства од проектот во соработка со своите европски колеги и ќе обезбедат иновативни решенија за подобрување на општинските услуги и подобрување на капацитетите на општинската администрација.

Амбасадорот Гир посочи дека ЕУ континуирано и помага на земјава за да ги надмине економските последиците од пандемијата со Ковид-19.

Тој информира дека проектите имаат за цел да ги приближат основните принципи на ЕУ за локална самоуправа до Северна Македонија. Ова, како што рече Гир, ќе се реализира со општините на ЕУ преку споделување на искуство и знаење со македонските општини за тоа како најдобро да се решат локалните проблеми. Развојот на иновативни концепти и употребата на националните ресурси во справувањето со проблемите на локално ниво се охрабруваат во рамките на повикот. Со поддршка на ЕУ, локалните самоуправи ќе ги подобрат локалните услуги, оттаму, тие ќе бидат подготвени да ги преземат пошироките надлежности. Повикот за проекти „ЕУ за општините“ е кофинансиран од Владата.

Сите заинтересирани повеќе информации за повикот можат да најдат на следниот ЛИНК.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еукофинансирањеопштинипроекти
Претходен напис ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобрување на бизнис условите
Следен напис Шеснаесет семејни винарии регистрирани во Кавадарци изминатите четири месеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?