Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на министерот Серафимовски со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на министерот Серафимовски со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ
Агровести

Средба на министерот Серафимовски со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Објавено 03/11/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Н.Е. Алпер Акташ.

Министерот Серафимовски му посака успешен мандат, изразувајќи уверување дека неговиот ангажман ќе придонесе за натамошно продлабочување на традиционално пријателските односи меѓу двете земји.

На средбата се зборуваше за можностите за унапредување на билатералната соработка во земјоделството, со посебен акцент на развој на можности за зголемување на извозот на македонски земјоделско-прехранбени производи на турскиот пазар.

„Соработката со Турција би сакал да ја насочуваме кон размена на стручни искуства за климатската адаптација, дигитализацијата и ефикасното користење на водните ресурси. Нивната примена во домашното производство може да придонесе за постабилни приноси и поголема конкурентност на земјоделските стопанства“, истакна министерот Серафимовски.

- Реклама -
Ad image

Соговорниците се осврнаа и на можностите за соработка во сточарското производство, како и за продолжување на експертската размена во шумарството и водостопанството, во рамките на постојните билатерални механизми за соработка.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички со еднократно подигнување до 20.000 денари
Иротова -Лазарева: Целосна исплата на субвенциите за 2025 очекувам до крај на февруари
Иротова за Слободен печат: Субвенциите не пропаѓаат поради „Алта банка“, земјоделците да достават сметка од друга банка за да ги добијат парите
Нови 19 тони јаболка вратени од Бугарија поради присуство на пестициди над дозволеното ниво!
Ладилници во месарница во северниот дел на Атина цел на хакерски напад
Таг:Алпер АкташамбасадорСерафимовскиТурција
Претходен напис Иротова за Слободен печат: Субвенциите не пропаѓаат поради „Алта банка“, земјоделците да достават сметка од друга банка за да ги добијат парите
Следен напис Стабилно и суво време од утре, за викендот утринските температури ќе се спуштат под нулата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?