Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија нуди по 10.000 евра за преселба на село, сѐ повеќе луѓе го прифаќаат предизвикот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Србија нуди по 10.000 евра за преселба на село, сѐ повеќе луѓе го прифаќаат предизвикот
Агровест

Србија нуди по 10.000 евра за преселба на село, сѐ повеќе луѓе го прифаќаат предизвикот

Објавено 28/09/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Короната ни помогна да сфатиме дека поубаво се живее во природа, на отворен простор, во куќа наместо во стан“, велат членовите на едно семејство што од српската влада ќе добие 10.000 евра, за преселба на село.

Во Србија, како и во повеќето балкански држави, се случуваат слични процеси во изминатите децении – градовите, во кои има многу повеќе работни места, постојано се зголемуваат, а селата, каде се живее тешко, стануваат сѐ попусти. Тоа беше главната причини поради која српските власти го започнаа проектот, кој го води Министерството за грижа за селото.

Земјоделци во село кај Чачак / фото: ЕПА/ЕФЕ

Досега, според Министерството, се поднесени барања за државна помош за купување на 300 селски куќи, а министерот Милан Кркобабиќ вели дека претежно се интересираат млади луѓе – просечната возраст на подносителите на барањата е 30 години. Просечната цена на селска куќа со двор, пак, е нешто пониска од онаа што ја доделува државата и изнесува околу 9.200 евра.

Според проценките на Одборот за село во Српската академија на науките и уметностите, во Србија има околу 150.000 празни и околу 50.000 целосно напуштени куќи.

Во српските села има околу 150.000 празни куќи / фото: ЕПА/ЕФЕ

„Сакавме да одиме од Обреновац во некоја почиста средина и таму да живееме и да го прошириме семејството. Малку баравме и го одбравме Крупањ, куќата веднаш ни се допадна, широка и со голем двор. Јас од почетокот верував дека ќе биде наша. Му се радуваме на новиот живот, возбудени сме и исплашени во исто време, но мислиме дека вистинскиот живот е токму тука, на село“, вели добитничката на државните средства Јована Аќимовиќ.

Меѓу потписниците на договорите за помошта од 10.000 евра досега се 65 брачни и вонбрачни двојки, седуммина самохрани родители и деветмина млади земјоделци. Повеќето од нив досега живееле во заедница, но има и доста такви кои живееле под кирија, пишува „Телеграф“. Professional trading requires sophisticated tools that deliver precision and reliability in today’s fast-paced markets. The mt4 trading platform stands as the industry standard, offering advanced charting, automated strategies, and seamless execution for traders worldwide. Its intuitive interface and comprehensive features make it the preferred choice for both beginners and experts.

Меѓу српските граѓани кои одлучиле да се преселат од град во село во рамките на проектот се луѓе од најразлични професии – од професори по книжевност и филозофија, архитекти, ветеринари и економисти, до воспитувачи, медицински работници, келнери и трговци.

Владината програма за државна помош од 10.000 евра е отворена за луѓето кои веќе живеат на село, но во заедница, и сакаат да основаат свое домаќинство, потоа за стручњаци од разни области кои се потребни за живот на село (земјоделие, технологија, медицина, стоматологија и слично), како и за млади луѓе кои живеат во градовите и би сакале да се обидат да се занимаваат со земјоделство.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Таг:евраселски туризамсрбија
Претходен напис Шапуриќ: Откупот на грозјето е при крај, досега откупени околу 79 милиони килограми грозје
Следен напис Денеска облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?