Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Менаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за КОВИД 19
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Менаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за КОВИД 19
Агровести

Менаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за КОВИД 19

Последна измена: 03/04/2020 15:06
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Одборот на директори на Тутунскиот кобинат АД Прилеп донесе одлука во април целиот менаџмент во компанијата да земе минимална плата во висина од 14.500 денари.

– Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од КОВИД -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал, информираа денеска од компанијата.

Разликата од износот на минималната плата до целосниот износ на плата ќе биде уплатен на сметката за солидарност Ковид 19 што ја отвори Владата.

Од компанијата соопштуваат дека е донесена и одлука дел од вработените заради намалување на трошоците во компанијата да користат платен вонреден одмор. За администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80 проценти согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи.

Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари.

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:Донација на сметката за солидарност од КОВИД 19Минимална плата за меџментот на тутунскиот комбинат ПрилепТутунски комбинат Прилеп
Претходен напис Хрватска: Имаме 400.000 хектари неискористено земјоделско земјиште кое бргу можеме да го ставиме во функција
Следен напис Србија сака да ги заштити земјоделците: Размислува да воведе царини за увозот на овошје и зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?