Пекарската индустрија иако јавно не потврди сепак според информациите на Канал 5, веќе ги стокмиле новите ценовници и лебот од утре ќе се продава со цена повисока за 5 денари. За други производи засега нема најава дека ќе поскапат, информира Канал 5.
Но, од кризата и намалените маржи најголем удар ќе претрпат овошјето и зеленчукот. Трговците кои имаат магацини на Кванташкиот пазар утре излегуваат на предупредувачки протест. Велат маркетите веќе им ги откажуваат набавките поради мерката и робата им стои во магацините. Доколку државата не ја укине, најавуваат и порадикални чекори.
Повеќе на Канал 5.
