Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Советници од АПРЗ: Веќе подготвивме неколку апликации за „Рурална жена“, тука сме да им помогнеме на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > (ВИДЕО) Советници од АПРЗ: Веќе подготвивме неколку апликации за „Рурална жена“, тука сме да им помогнеме на земјоделците
Фондови

(ВИДЕО) Советници од АПРЗ: Веќе подготвивме неколку апликации за „Рурална жена“, тука сме да им помогнеме на земјоделците

Последна измена: 18/12/2019 11:46
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Ѓоко Данаилов и Андреа Соколовски деновиве се интензивно на терен каде заедно со земјоделците ги подготвуваат апликациите за најновата мерка „Рурална Жена“ .

-Интересот е солиден со оглед на тоа дека се работи за нова мерка. Не е комплицирана постапката, не се бараат многу документи и ние веќе подготвивме десетина апликации во неготинско – вели Данаилов.

„Во тек е мерката 115 за „Рурална жена“. Мерката е за опрема за послебербени активности , за праработки. Како лозарски крај најмногу е за преработки од грозје, како што се сокови, маџун, вино, оцет..Засега мерката тече добро, нема проблеми околу аплицирањето. Тоа се прави електронски, земјоделците треба само да обезбедат понуда и деловен план кој ние го изработуваме. Аплицирањето го правиме ние во АПРЗ и комплетната апликација ја доставуваме до земјоделецот кој по пошта ја праќа до Платежната агенција“ – вели за Агротим, Данаилов.

Пријавувањето за мерката трае до 26 декември и сите заинтересирани земјоделци од Неготинско можат да се обратат во канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (Зграда на Општина Неготино) или на телефонскиот број на советникот Ѓоко Данаилов 070 409 042

И во битолско постои интерес за мерката „Рурална жена“ , вели за Агротим советникот Андреа Соколовски.

Тука сме да им помогнеме на земјоделците да аплицираат и да ги искористат овие неповратни средства од Владата за набавка на опрема за доработка на земјоделски производи. Апликацијата се изработува електронски и ние тоа го правиме за земјоделците, како и деловен план потребен при апликацијата за мерката – вели Соколовски.

За сите дополнителни информации додека трае повикот за мерката „Рурална жена“ земјоделците од битолско може да го контактираат советникот Сокололовски на телефонскиот број – 070 409 048 или да дојдат лично во канцеларијата на АПРЗ – Ул. Климент Охридски ББ ламерла 5/3 Пелагонка 2 Битола.

Ul. Kliment Ohridski bb lamela 5/3 pelagonka 2 Bitola

Во продолжение прочитајте за една од жените земјоделки која аплицира на повикот со помош од советникот Соколовски.

Пример за успешна рурална жена – Мирјана Митровска од село Добрушево

Може да ви се допадне

Трипуновски: Да заврши откупот на јагнето, ако има потреба, ќе направиме корекција на мерката за сточарите да можат да ги искористат сите планирани средства за 2025
Трипуновски за мерката „Млад земјоделец“: И тие кои дента ќе се евидентираат во МЗШВ можат одма да аплицираат за грант од 600 000 денари
(ВИДЕО) 24ТВ: Трипуновски во Студио 10 зборува за откупот на јагнето, исплата на субвенциите, активниот повик „Млад земјоделец“…
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Како до неповратен ИПАРД грант за преработка на овошје, зеленчук, грозје, винарии…
Таг:апликациибитолскодокументимерканеготинскорурална жена
Претходен напис Трибина на АГРОТИМ во Прилеп: Утврдена гарантирана цена на сончогледот
Следен напис Протести во Холандија на земјоделците и градежните работници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?