Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Совет за пчеларите: Како до повеќе мед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Совет за пчеларите: Како до повеќе мед
Совети

Совет за пчеларите: Како до повеќе мед

Последна измена: 07/12/2019 17:15
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

За да ја ублажиме состојба со малите количини на мед, ќе се обидам да напишам нешто за тоа како да го подобриме медоберот, односно да се потсетиме на некои работи ако сме ги подзаборавиле. Ваквото подобрување уште повеќе вреди, секако, кога временските услови се подобри за медобер.


1. Пашата – таа е основниот фактор од кој зависи животот и развитокот на пчелното семејство. Карактерот на пашата се одредува од карактерот на флоропокривањето. Некои растенија лачат многу некар, а некои помалку. Тие што лачат многу нектар ги нарекуваме главни паши. Такви се багремот, маслените репи, сончогледот и др. Растенијата кои лачат помалку нектар ја формираат поддржувачката паша. Колку и да лачат помалку нектар, тие ја одржуваат кондицијата на друштвото. Па, според тоа, имаат исклучителна важност.


2. Технологијата на одгледување на пчелите – таа секогаш треба да биде усогласена со главната паша. Интензивниот развој на пчелното друштво треба да започне 51 ден пред започнувањето на главната паша, а да заврши 35 дена пред крајот на пашата. Тоа значи, пчелите од сите снесени јајца да земаат учество во главната паша.


3. Типот на кошницата – ланстротовите и фороравите кошници се подобри за медобер бидејќи се подобри за комбинирање (поработни) од ДБ која е поинертна. Кога сме кај кошниците, може да кажеме една изрека: „Секоја пушка е добра во рацете на добар јунак“. Различните типови кошници бараат различни техники на пчеларење.


4. Метеоролошките услови – тие треба да бидат добри. Пчеларот не може многу да влијае на нив, а во последно време, со глобалното затоплување, тие станаа многу непредвидливи. За добар медобер секако дека во околината мора да има добри медоносни растенија. Честопати, при исти услови, од две навидум исти по роеви кошници добиваме различен принос. Овде пчеларот може да влијае ако заради растителноста која во одделен период ќе дава медособир односно да го продолжува медособирот со наводнување и сеење на култури во повеќе наврати.


5. Времетраење на нектаролачењето – продолжителноста на времето на цветање, односно лачењето на нектар, зависи и од видот на растението и од опрашувањето. Нектаролачењето завршува веднаш штом ќе се оплоди цветот. Ова кажува дека нектаролачењето ќе биде подолго ако има помалку пчели во реонот. Ветровитото време, исто така, ги оплодува растенијата и го скратува времето на лачење на нектар. Во реоните во кои има слабо нектаролачење, исто така би требало да има и помалку пчели.


6. Оддалеченост на пашата – ова е многу важно бидејќи станува збор за транспортни расходи кај пчелите. Колку пашите се подалеку, толку транспортните трошоци (потрошувачката на мед) се поголеми. Медот служи како гориво. Покрај потрошувачката на мед за одење до пашата и враќање, тој е потребен и при собирањето (летање од цвет на цвет). Пасиштата подолги од 2,5 км се нерентабилни, односно повеќе ќе се потроши отколку што ќе се донесе. Пчелите најчесто ги користат пашите до 800 метри кои им се најрентабилни. Најдобро е ако пчелите се однесат до пасиштето. Тука важи изреката „Медот се раѓа на тркала“. Во ова спаѓаат и транспортните трошоци за собирање полен и прополис. Водата, исто така, треба да биде што поблиску.


7. Расата и измелезеноста имаат голема важност за собирањето на нектарот. Измелезените пчели имаат ограничена нектарособирачка способност. Најмногу собираат автохтоните пчели за тој регион.


8. Јачината на пчелното друштво – го определува бројот на пчели во друштвото. Бројноста на пчелите во друштвото зависи од квалитетот на матицата (крупноста) и на нејзиното јајце. За добро друштво матицата треба да несе од 1500 до 3000 јајца во едно деноноќие. Продуктивно пчеларство со многу матици со лош квалитет не може да опстане. Добрите матици со своето несење го развиваат друштвото до максимум. Овде би го цитирал познатиот американски пчелар Дулитл, кој рекол: „Дајте ми добра матица, а јас ќе Ви направам многу мед“.


9. Влијанието на леглото – за добар медособир потребно е да има што помалку отворено легло, а што повеќе легло пред испчелување и многу млади пчели.

Пишува: Раде Каранфиловски – „Апицентар“ – Битола

извор: ффрм

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Најчести грешки во одгледувањето на пиперки на отворено
Избркајте ги гулабите од терасата еднаш засекогаш: Оваа работа не можат да ја поднесат!
(ВИДЕО) Техника за садење на боровинки во саксија
Како да одгледате ловоров лист во саксија
(ВИДЕО) Правилно кроење и калемење на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО
Таг:кошницапашапчелирастенијафактор
Претходен напис Сусам и мед: Комбинација која лекува повеќе од 10 болести
Следен напис Крсте Шајноски ќе ја води Агенцијата за супервизија на осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?