Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 15.05.2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 15.05.2025 година
Агропрогноза

УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 15.05.2025 година

Објавено 15/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатата седмица имавме променливо и нестабилно време, сончево и топло, со повремени поројни врнежи од дожд, информира УХМР.

Житните култури во овој период имаат сосема доволно влага и се во добра состојба. Есенскиот јачмен во зависнот од локацијата каде е посеан, е во фаза на млечна зрелост. Започнува последната фаза од животниот циклус на житата – зрелост, каде овде се случуваат поголеми квалитативни промени, пред се, во зрното. Сончогледот како индустриска култура се наоѓа во фаза на никнење, неговата коренова маса има голема продуктивност, со голема моќ на впивање вода од подлабоките почвени слоеви, со тоа што овие резерви на влага ќе бидат корисни во наредните фази на интезивен пораст, кога се потребни повеќе од 40% од вкупните потреби на растението за вода, односно од цветање до физиолошка зрелост. Со оглед дека синтезата на масло кај сончогледот значително зависи од присуството на доволно количество на почвена влага. Овошките во овој период се во интензивен раст, се препорачува да се продолжи со нивна прихрана и третирање против болести и штетници. Кај виновата лоза може да се почне со отстранување на страничните ластари (филизи) во почетокот на нивниот раст. Се препорачува нивно отстранување над гроздовите. Ова е и период на интензивно расадување на тутунот, и на градинарски култури на отворено. Поради поволните услови кои беа во претходниот месец, расадувањето на тутунот во некои региони е веќе започнат. Обезбеденоста на вода при садење на тутунот има важна улога заради подобро вкоренување.

Времето денес под влијание на влажен бран, кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег, ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Доколку временските услови дозволуваат земјоделските производители да продолжат со сите земјоделски активности и агротехнички мерки, да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор. Минималната температура ќе се движи во интервал од 1°C до 12°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 10 °C до 28 °C.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Претходен напис Продажбата на пестициди во ЕУ намалена за уште 9 отсто
Следен напис Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?