Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Агровести

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година

Објавено 04/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатава седмица имавме многу топло време со повремени врнежи од дожд на некои места.

Ваквите временски услови се оптимални за житните култури бидејќи се во последната фаза од животниот циклус – созревање. Созревањето на житата е мошне значајна фаза во нивниот живот. По правило побрзо созреваат есенските жита од пролетните. Освен метеоролошките услови, врз времето на созревање влијаат и други фактори како што се видот на сортите, својствата на почвите, агротехнички мерки, релефот и други фактори. Овие временски услови исто така беа поволни за зреење на некои видови на овошје како што се црешата, вишната, кајсијата и некои типови на зеленчук, како и за интензивниот раст и развој на пченката, сончогледот, и другите пролетни култури.

Под влијание на циклонска активност времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

При вакви временски услови земјоделските производители да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви, можност за појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки заради постоење на оптимални услови за нивно ширење и развој, уништување на плевели преку плитка обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да го намали приносот и квалитетот.

Предупредување: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор. Да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9°C до 18°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 25°C до 35°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Отворен Максол Експо 2026, соларната енергија е иднината, секој треба да даде свој придонес
Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Жетвата на јачменот во штипско-карбинскиот регион почнува за две недели
ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Таг:земјоделските културипрогнозаСостојба
Претходен напис Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Следен напис Отворен Максол Експо 2026, соларната енергија е иднината, секој треба да даде свој придонес
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?