Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Агровести

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите

Објавено 04/06/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите се измамени.

Директорот е согласен дека казните за овие оператори со храна се ниски и затоа, напомена, веќе се изготвуваат измените и дополнувањата на Законот за прекршоците. Една од опциите за кои се размислува е – ако еднаш или двапати бидат фатени како манипулираат, да им се земе решението за вршење дејност во рок од 3 години. 

– Неофицијално, мислам дека ги имате операторите, но официјално ќе ги имаме во наредниот период. Две се увозни, осум се наши компании. Веќе се вршат внатрешни контроли зашто овие резултати што ги имаме добиено се процена на ризик лично од мене направени. Покрај редовните надзори, ќе се направи и аудит. Ќе се вратиме чекор наназад, да видиме дали воделе записници, дали воделе лабораториски анализи, дали ова е пред 15 дена или постоело со години. Во однос на безбедноста на овие производи, безбедноста не е нарушена, нарушен е квалитетот. Нарушен е зашто е направена измама со храна на потрошувачите, манипулација со потрошувачите. Доколку декларирате дека имате 24 отсто масти, а во производот има 5 проценти масти, таа храна автоматски се уништува и се носи на депонија – истакна Миланов.

Во врска со трајните и полутрајните производи – салами, виршли, паштети, информира дека АХВ сè уште ги нема добиено резултатите од анализите. Сепак, очекува, како што истакна, дека и тука ќе има отстапувања. 

 – Уште ги немаме анализите. Очекувам дека би имало нешто зашто таму премногу има ароми, бои, фосфати… Резултатите може да се очекуваат во наредниот период. Но, тоа не зависи од нас, туку од референтните лаборатории. Значи, од понеделник – нагласи Миланов.

Тој обелодени и дека инспекторите на АХВ многупати на пазарот наоѓаат производи со рок на истекување.

– Ги охрабрувам граѓаните да пријават сè што ќе забележат сомнително, без разлика дали станува збор за маркет, обична мала продавница или сендвичарница. Агенцијата е браникот и бариерата за безбедноста на храната. Ние сме првата точка и за увоз и за производство на храна во Македонија – рече Миланов.

Претходно, во врска со јубилејот 15 години од постоењето на АХВ, директорот истакна дека од 4 jуни 2024 година до денес се уништени над 800 тони храна, а над 300 тони се вратени како небезбедни во земјата производител или уништени на депонија кај нас.

– АХВ врши редовни и вонредни инспекциски контроли по дојави од потрошувачите, операторите, граѓаните. Имаме бесплатна телефонска линија – 0800 3 22 22. Може да се пријавува и електронски на [email protected]. Правиме надзори речиси секаде – во рестораните, хотелите, кујните, студентските домови, пензионерските домови, бурекџилниците, слаткарниците, кафеаните, кафулињата. Засега располагаме со 200 инспектори на ниво на цела Македонија, што во овој момент е доволен број. 

МИА

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Жетвата на јачменот во штипско-карбинскиот регион почнува за две недели
ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Таг:декларацииизманипулираниМилановМлечните производи
Претходен напис Жетвата на јачменот во штипско-карбинскиот регион почнува за две недели
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?