Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 03.04.2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 03.04.2025 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 03.04.2025 година

Објавено 03/04/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатата седмица имавме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Максималното дневно количество на врнежи од дожд, 41мм беше регистрирано во Гевгелија на 30-ти. Во последните шест дена од месецот на повеќе локации во државата, имавме циклонален продор со континуирани ефективни и краткотрајни поројни врнежи пропратени со изолирана појава на град и грмежи.

За земјоделското растително производство од големо значење е интезитетот на врнежите. Дождот може да биде со мал интезитет (ситен дожд) или со голем интезитет (пороен дожд). Интензивните поројни дождови можат да бидат штетни поради засилување на ерозивните процеси на наклонети терени, а можат да предизвикаат поплави и оштетување на земјоделските култури. Обилните врнежи може да доведат до создавање на поројни водотеци и можни излевања и поплавувања на одредени земјоделски површини. При интензивни поројни дождови почвата не може да ја впие целата количина вода, така на пример кога паѓа пороен дожд за половина час почвата впива 35 %, а при ситен дожд за време од 6 часа почвата впива некаде околу 93%. За растителното земјоделско производство од најголема полза се ситните, рамномерни дождови со помал интезитет. По такви дождови почвата останува во поволна состојба за обработка за сеидба, посевите поинтензивно се развиваат.

Сепак, овие врнежи што паднаа се од големо значење за сите земјоделски култури и ќе допринесат за зголемување на влагата во почвата која е потребна за пролетната подготовка на почвата за садење на одредени култури. За стрнишните жита кај нас од суштинско значење се врнежите во периодот од почетокот на март до почетокот на јуни. Пченицата најголеми количини на вода троши во фазите вретенисување, класење, млечна зрелост. Фазата на вретенење се одвива во пролетниот период. Во почетокот на оваа фаза се оформуваат репродуктивните органи, од кој ќе зависи и плодоносењето, и затоа во оваа фаза растението мора да има доволно количество вода и хранливи материи. Токму поради тоа, овој дожд позитивно ќе се одрази врз есенската пченица.

Овошните култури имаат најразлични барања во однос на водата, поради длабокиот корен, па поради тоа релативно лесно поднесуват суша, но потребно е оптимална влажност во почетокот на вегетацијата за нормално цутење и формирање на плодови. Потребата за вода кај младите насади има големо значење за брз, уедначен пораст и формирање на насад со добра кондиција. При недостиг на вода во текот на порастот на плодовите, тие остануваат ситни, а може да дојде и до нивно опаѓање. Заради тоа овие врнежи имат позитивно влијание.

Исто така, поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата, може да се создадат поповолни услови за појава на растителни болести и штетници, па поради тоа потребно е преглед и контрола на посевите.

Во наредните денови до сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места. Ова значително опаѓање на температурата кое се очекува во почетокот на следната седмица, може повторно да ги загрозат земјоделските култури, посебно овошните дрвја со можност за појава на мраз, како и да причинат штети, претежно оние кои се веќе процветени.

Препорака: Земјоделските производители да преземат содветни мерки за заштита на нивните посеви против измрзнување, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив, да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да ги заштитат растенијата посебно овошните видови од појава и развој на болести и штетници, редовно да вршат следење на нивните посеви и други потребни агротехнички мерки.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6°C до 8°C на повисоките места а, максималната температура ќе се движи во интервал од 3°C до 19°C.

Извор – УХМР

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:мартпченицасезонатрактор
Претходен напис Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата
Следен напис Голем одрон на регионалниот пат Струмица-Костурино-Валандово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?