Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сообраќајот низ државата се одвива непречено, од денес изменет режим на автопатот Кичево – Охрид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сообраќајот низ државата се одвива непречено, од денес изменет режим на автопатот Кичево – Охрид
Агровести

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, од денес изменет режим на автопатот Кичево – Охрид

Објавено 28/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Коловозите се претежно суви, со умерен интензитет на сообраќај надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги задржувања, а возачите се повикуваат на внимателност поради градежни активности и можни одрони.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија денеска се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од денеска, 28 октомври, се воведува времен режим на сообраќај на автопатот А2, на делницата Кичево – Охрид, во потегот од Пресека – Песочан до клучката Арбиново. Измената е поради градежни активности за санација на левиот коловоз и ќе биде во сила до завршувањето на работите.

Времен режим на сообраќај е во сила и на повеќе други патни правци поради градежни активности. На делницата Прилеп – Кавадарци, во потегот Беловодица – Тројаци, возилата се пропуштаат наизменично, додека работи се изведуваат и на патните правци Гостивар – Кичево и Струга – Дебар.

- Реклама -
Ad image

АМСМ предупредува на можност од појава на одрони на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Возачите се советуваат да ја приспособат брзината кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да внимаваат при движење низ делниците на кои се изведуваат градежни работи.

Може да ви се допадне

Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв
Падна првиот октомвриски снег
Мерка 3 од ИПАРД: ГРАНТ до 1.500 000 евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија
ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026: технологии, енергетика и недвижности на едно место од 29 до 31 октомври во Скопје
Инвестициите на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Николоски вели дека извозот е приоритет за домашната економија
Таг:државатаизменет режимкичево - охриднепреченосообраќајот
Претходен напис Времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито, со засилен северен ветер
Следен напис Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?