Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Соња Фузевска oд Ресен: Мајка на 3 деца и успешен „Млад Земјоделец“


Соња Фузевска од Ресен, има 38 години и е мајка на 3 деца. Од пред две години заедно со нејзиниот сопруг започнаа активно да се занимааат со земјоделството, кое полека прераснува во главен семеен бизнис.

Фамилијата Фузевски е сопственик на овоштарник во село Избишта во Ресен, со површина од 3000м2, со вкупно 350 садници од сортата Ајдаред, стари од 18 до 20 години, од кои годишно произведуваат околу 15 тона јаболка. За „Современо Земјоделство“ раскажа дека заедно со сопругот решија да ги зголемат земјоделските површини, со што купија дополнително земјиште од 1,5 хектар, во село Болно, Ресен. Сега, кога трите деца и израснаа, земјоделството го гледа како просперитетна иднина за нејзиното семејство.

-Покрај овоштарникот, од пред две години, со сопругот, започнавме со органско производство на компир во село Болно, Ресен. Засадена е површина од 9000м2, а од веќе насобраните 3000м2, имаме принос од 6 тона. Употребуваме само органски препарати и тоа: инсектицид за компирите Ласер, Текамин макс, Оргалајф, и најбитно – сами си произведуваме природно азотно ѓубриво со коприва, ни откри Соња.

Фузевска во 2018 година за прв пат аплицираше на огласот „Млад Земјоделец“ и веднаш доби позитивен одговор.  Таа сега е горд сопственик на 8 парчиња приклучна механизација и тоа: машина за садење компир, машина за вадење на компир, култиватор за прашење и грлење на компирите, атомизер, платформска приколица, мулчер со тркало, двобразден плуг и тањирача.

– Главно земјоделците аплицираат за трактор, но мене побитна ми беше приклучната механизација. Сите машини чинеа околу 12.000 евра од кои 10.000 евра ги добив од државата, која посебно сега му поддава рака на младите. Многу сме среќни и задоволни, со многу поголема желба за работа, имаме сигурен почеток и не се грижиме веќе како ќе ја извршуваме секојднената работа по нивите, истакна Соња.

Таа ни откри дека сите машини се купени од локалната продавница Агро Гавро, кој постојано им помагал и ги советувал сите земјоделци во кои машини е најдобро да се вложи. За „Современо Земјоделство“ истакна дека посебно се задоволни од неговата заложба и професионалност.

Она што според неа е најбитно во земјоделството е пласманот односно сигурниот откуп.

-Во моментов јаболката ги продаваме во локални фирми во Ресен. Органскиот компир го продаваме приватно на луѓе кои сакаат здраво да се хранат и го ценат вкусот на органското производство.  Сигурна сум дека доколку станеме дел од европското семејство, каде посебно се цени органското производство, ќе ни се отворат големи, нови можности за пласман, ќе научиме нови европски техники, па секако дека и би го зголемиле производството, рече Соња.

Соња и нејзиното семејство имаат трактор стар 30-ина години. Следна цел им е да аплицираат на претстојниот ИПАРД оглас за да купат нов трактор со кој побро и поефикасно ќе ја извршуваат работата.

-Работиме за децата, да им обезбедиме убава иднина во родниот крај. Ќерката која има 11 години и синот кој има 6 години, активно се вклучени во целокупната работа, и многу ни помагаат.  Се надеваме на убава и просперитетна иднина за сите нас, рече Соња и додаде дека аплицирале и на повикот за „Рурална жена“ и се надеваат дека ќе добијат соларна сушара за овошје и зеленчук.

На крајот од разговорот, таа им даде совет на сите кои се занимаваат или се двоумат дали да започнат семеен агро бизнис.

-Најбитно е никој да не се срами од земјоделството и уште побитно да не се срамат од работа. Кој не пробал, не добил, затоа апелирам секој да си ја проба среќата и да аплицира на активните огласи како „Млад Земјоделец“ или Ипард. Младите да не ја бараат среќата надвор, тој што сака да работи има и овде работа и поволни услови и одлични можности за семеен агро бизнис, истакна Соња.

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Фев 14, 2020agrotim1
(ВИДЕО) Спасовски: Владата го реши наследениот проблем со долгот кон лозарите и обезбеди нови повисоки субвенцииСончево време со мала до умерена облачност

Напишете коментар Откажи одговор

14/02/2020 Предлог бизнисЖена земјоделц, јаболка, механизација, млад земјоделец, Ресен4,547

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019