Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот Бачовски со најнови информации за планираните исплати до крајот на годинава: редовни субвенции, дополнителни, зелена нафта…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Директорот Бачовски со најнови информации за планираните исплати до крајот на годинава: редовни субвенции, дополнителни, зелена нафта…
Субвенции

Директорот Бачовски со најнови информации за планираните исплати до крајот на годинава: редовни субвенции, дополнителни, зелена нафта…

Последна измена: 17/09/2022 17:41
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Директната поддршка во земјоделството преку редовните субвенции, дополнителните, средствата преку интервентниот фонд и други мерки на Владата, наидуваат на голем интерес од страна на земјоделците.

Токму затоа канцеларијата на Агротим е во постојан контакт со државните институции, особено со Платежната агенција за навремено да ги информираме земјоделците и агробизнисмените, а при тоа и да понудиме поддршка во изработка на соодветните апликации за одредени мерки или ИПАРД.

Најновите информации од директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски се охрабрувачки и во тек со сите измени кои ги бараа земјоделските производители.

Имено, со новите мерки од интервентниот фонд државата ќе ги стимулира влезните трошоци во земјоделството и ќе субвенционира земјоделски производи предадени во преработувачки капацитети. Со усвоените измени на интервентниот фонд кои беа предложени од министерството, а беа усвоени од Владата, до крајот на годината ќе се стават во функција дополнителни 500 милиони денари – директна финансиска поддршка за земјоделците.

Овие финансиски средства засега се планирани за субвенционирање на набавка на вештачки ѓубрива, како и дополнителни субвенции по килограм за предадена зелка и слива, а според надлежните слична поддршка се подготвува и за млекопроизводителите.

Поддршката го опфаќа и винскиот сектор односно преработувачите на вино. Оваа државна интервенција за помош во земјоделството во овие кризни периоди треба да се реализира преку Платежната агенција.

Во разговор со директорот Никица Бачовски ги откривме деталите за она што ќе следува до крајот на годината.

“Службите на Агенцијата во периодот што следи ќе имаат полни раце со работа имплементирајќи ги мерките од директнте плаќања и интервентниот фонд. Во следниот период ќе се обработуваат и плаќаат субвенциите за предадено млеко и предадени градинарски и овошни култури за 2021 година. Дополнително, до крајот на годината Агенцијата ќе исплати дополнителни 3 денари за предадена зелка, 2 односно 4 денари за предадена слива, а ќе продолжи и финансирањето за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба” – потврди Бачовски.

Според информациите од Платежната агенција, многу наскоро ќе започне и распределбата на картичките за зелената нафта.

Може да ви се допадне

ВО ТЕК Е ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
Исплатени субвенции за обележани женски грла говеда
Таг:економијазелена нафтаИпардисплатанајнвооНикица Бачовскиредовни субвенциисубвенции
Претходен напис Сo новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) инвестирајте во растително и сточарско производство, 60% од инвестицијата е грант
Следен напис Откупувачите од Преспа загрижени: Со оваа цена на струјата, нема да се исплати да го складираме јаболкото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?