Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со македонската сорта камуш, Небојша ги освојува купувачите – Во неговото семејство праз се произведува цели 70 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Со македонската сорта камуш, Небојша ги освојува купувачите – Во неговото семејство праз се произведува цели 70 години
Растително производство

Со македонската сорта камуш, Небојша ги освојува купувачите – Во неговото семејство праз се произведува цели 70 години

Објавено 19/10/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако расадот праз стигнал за продажба, Небојша Русимовић, од врањската населба Собин, не пропушта скоро ниеден пазар во Пчињскиот округ. За секој пазарен ден се подготвува темелно бидејќи знае дека од тоа му зависи и продажбата. Најмногу време поминува во подготовка на расадот кој го произведува во долги леи, на нива веднаш до неговата куќа.

Додека ги корне растенијата секогаш се труди за пазар да ги подготви само оние најкрупните и најквалитетни стракови, а сите останати ги остава да пораснат за следна прилика. Точно знае колку расад може да продаде на секој пазар и затоа никогаш не носи повеќе од тоа. Неговиот зеленчук секогаш е примамлив за окото на купувачот бидејќи е спакуван во врзопи од по педесет и сто парчиња, а од скоро за своите муштерии подготвува и помали и тоа со цел за што побрзо да ја продаде стоката.

Фото: jugmedia.rs

„Почнав да продавам расад од праз на помали врзопи затоа што сѐ помалку се оние кои доаѓаат да пазаруваат поголеми количини. На големо денес од мене единствено купуваат прекупувачите и тоа знае да се исплати кога продажбата добро не оди“, зборува Небојша, нагласувајќи како се промениле времињата, но и луѓето кои праз главно садат за свои потреби во градините. Многумина престанале и да го произведуваат бидејќи во маркетите за многу пониски цени им е достапен во текот на целата година.

Поради актуелната ситуација многу жители на Собин престанале да се занимаваат со производство на овој расад. Некогаш се одгледувал во секое второ домаќинство во ова место, а сега се само неколкумина. Семејството Русимовиќ никогаш не сакале да се откажат од тоа производство, кое во нивното семејство се негува полни седумдесет години.

Од таа прчина нема сопственик на домаќинство во околината кој барем еднаш во својата градина не засадил камуш, македонска сорта на праз. Небојша се сеќава дека неговите татко и дедо, на жителите на најоддалечените села расадот им го носеле со коњи, а кога машините ја замениле коњската спрега, оваа стока до своите купувачи ја носеле со автомобил.

Фото: jugmedia.rs

„Со таа сорта бевме ненадминливи на овој терен. Во општина Прешево сите го садеа нашиот камуш. Во босилеградскиот крај одев со автомобил од село до село и така луѓето ги снабдував со расад. Тоа ни се исплаќаме и мене и ним и долго соработувавме на наше задоволство“, вели нашиот соговорник.

Додава дека во последните четириесеттина години сам го произведува семето камуш, кое неговите предци своевремено го набавиле во Македонија. Производството на семето обично почнува некаде околу Младенци кога ги засадува првите стари стракови. Никнатите цветови полни со семе ги бере дури во октомври и ги суши во текот на зимата на место со провев. Дури во пролет започнува со одвојување на семето до лушпата. Кога ќе го набере, задолжително го мие за да го одвои од семките кои не ртат. Подготвено на овој начин, секоја година го сее во периодот од 28 февруари до 22 март.

„Семето посеано на добро подготвен слој земја прекриена со ситно ѓубриво обично никнува за дваесеттина, односно триесеттина дена. Во тој период заедно со нив никнува и многу трева и затоа сеаниот праз мора постојано да се плеви“, објаснува Небојша. Тврди дека тоа го прави исклучиво рачно бидејќи заклучил дека нема поефикасен начин од тоа. Се обидувал да се ослободи од тревата со помош на некои хемиски средства, но како што вели, сам на себе само си правел штета.

Кога и да може да најде начин, секогаш избегнува заштита со препарати. Напоменува дека на своето стопанство секогаш прави чорба од коприва со која го третира расадот. Тоа го прави така што еден литар чорба од коприва го раствора во десет литри вода, а заради потребите во кантата со вода раствора и две лажици сода бикарбона која исто така е добитна комбинација кога наведеното производство е во прашање.

Небојша во текот на изминатите години толку го усовршил одгледувањето па ретко му се случува да згреши. Вели дека и оваа сезона и покрај лошото време произведил добар расад и дека на пазарот ќе испорача повеќе од триесет илјади стракови праз.
Не се жали многу и на цената која во зависност од побарувачката се движи од 4 до 6 динари по страк, што ќе му ја овозоможи планираната заработувачка.

Извор: dobrojutro.co.rs

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:камушпраз
Претходен напис (Видео) Како да направите леб на брз и едноставен начин
Следен напис Се бере органската пиперка од договорното производство, цена 30 денари, плаќањето редовно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?