Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со членството во НАТО, Албанското земјоделство доживува експанзија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со членството во НАТО, Албанското земјоделство доживува експанзија
Агровести

Со членството во НАТО, Албанското земјоделство доживува експанзија

Последна измена: 23/10/2019 01:52
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Република Албанија стана членка на НАТО во 2009 година. Тоа за странските и домашните инвеститори значи стабилност и сигурност на нивните инвестиции.

Агробизнисмените велат, таа година се поклопува со почетокот на развојот на домашното земјоделско производство.

driza4

– Нашата компанија „ДРИЗА“, го зголеми бизнисот за 30% со влезот на Албанија во НАТО. Стабилноста која ја нуди ова членство значеше сигурност за нас бизнисмените. Ваквиот процес ја очекува и Македонија. Мојата компанија ќе инвестира 20 милиони евра во бројлерско производство.  Тоа значи нови вработувања и развој на семејни фарми кои ќе бидат наши кооперанти. На тој начин работиме овде во Албанија каде што имаме одлична соработка со фармери на кои им даваме еднодневни полиња и храна, а потоа пилињата ги носат кај нас во кланица.Големи амбиции имаме за во Македонија, особено сме охрабрени од поканата за членство во НАТО која неодамна ја доби земјата – вели Хигмет Дриза.

kokoska3
kokoska

Еден од сопствениците на Откупно -дистрибутивниот центар „ДОНИ ФРУИТС“ исто така инвестицијата ја поврзува со членството на Албанија во НАТО.

doni_fruits

-Јас сум од Косово но овде во Албанија ја видов сигурноста и перспективата за нашиот бизнис кој има 60 годишна традиција. Чекаме и Македонија да стане членка на НАТО за да може и таму да инвестираме. Нашата дејност е пласман на земјоделските производи по европски стандарди и квалитет. Сакаме да помогнеме во пласманот и на македонските земјоделски производи и за таа цел размислуваме да го прошириме бизнисот во Македонија. Нашите планови се пошироки,  имаме амбиција да станеме лидери во целиот регион. Македонските земјоделци можат да ни помогнат во тоа со кооперанстките односи кои ќе ги изградиме со нив и ќе развиваме договорно производство- изјави Ејуп Ахмети.

ejup

Албанското земјоделско производство последниве неколку години бележи вистински бум во развојот. Со 20 милиони евра годишно земјоделски субвенции реализирале 20% зголемување на домашното производство само во една година. Подржуваат производства кои се извозно ориентирани, за што се одлеваат девизи и производства кои ги увезуваат и на тој начин го намалиле трговскиот дефицит.

Со огромниот број на туристи кои се близу 7 милиони годишно ја  зголемиле потрошувачката на земјоделските производи и на домашниот пазар, а сигурноста за инвеститорите по влезот на земјата во НАТО им овозможиле само во една година 400 милиони евра странски инвестиции.

Може да ви се допадне

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
Каракашев: Земјите во соседството ги штитат земјоделците, кај нас се е оставено на милост и немилост на трговците
„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Таг:zemjodelstvoалбанијадризаеврамилионинато
Претходен напис Млекарницата „Зелене долине“ е во сопственост на 1200 фармери, со ЕУ фондови поголем развој
Следен напис Органското производство има иднина, потребни сигурен пласман и повисоки цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?