Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн
Агровест

Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн

Објавено 15/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбедува кофинансирање на трошоците за набавка на комбајн со уред за сечење на сламата, за земјоделците кои имаат засеано минимум еден хектар со ориз.

Се работи за нова финансиска поддршка од мерката „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“ што денеска, на средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион, ја најави директорот на Агенцијата, Никица Бачовски. Пријавувањето на заинтересираните земјоделци ќе трае до 15 мај, а средствата ќе се доделуваат во периодот на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво.

– За поддршката можат да аплицираат земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар, а се индивидуални земјоделци, како и трговци поединци и трговски друштва, земјоделски задруги кои се впишани во регистарот на задруги. Вкупната прифатлива сума по корисник е 3,5 милиони денари, а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање на инвестициите на корисникот, во висина до 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55 отсто за носители на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години и до 60 отсто за стопанство во подрачје со ограничени можности. Исто така, има зголемување до 65 отсто за носител на стопанство на возраст до 40 години во подрачје со ограничени можности и до 75 отсто за инвестиции во недостапни рурални заедници – истакна директорот Бачовски.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат електронски до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на веб-страницата e-baranje.ipardpa.gov.mk, по што ќе се изврши нивно рангирање со бодување.

Целта е да се влијае врз намалување на производните трошоци и загубите во оризопроизводството, а ќе се помогне и во решавање на проблемот со остатоците од жетвата и спречување на палењето на оризовата слама.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:Бачовскикомбајнориз
Претходен напис Со авионско засејување со сребрен јодит ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град
Следен напис Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите површини во Кочанско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?