Секоја култура, без разлика дали е едногодишна или повеќегодишна, за да даде богат род, ја осиромашува почвата за одредена количина на хранливи материи. Колкава ќе биде загубата зависи од голем број фактори, како и од потребите на растението за да даде плод. Затоа, анализата на почвата е вистинскиот пат до постигнување на високи приноси, а во тоа се уверија Сандра Пустичек и нејзината ќерка Луција, кои произведуваат малини, капини, рибизли, боровинки во вреќи и зеленчук на нивната семејна фарма во местото Велика Горица во Хрватска.

Имено, во февруари 2020 година, Сандра ја контактирала компанијата Колиќ-Трејд и побарала анализа на почвата. Беа земени примероци и испратени во лабораторијата Јара во Поклингтон. Резултатите пристигнале за неколку дена, покажувајќи малку поголема pH (7,7) отколку што бараат малините и капините, како и зеленчукот.
Што се однесува до другите елементи се покажало пониско ниво на фосфор, калиум, сулфур и бор што е во корелација со оваа pH вредност, а количините на магнезиум и молибден биле покачени, како што всушност и се очекувало. Анализата открила исто така, задоволителна количина на органски материи чија вредност била малку поголема од просечната.

Проблемот се решил со примена на детален план за прихранување
Врз основа на анализата на почвата, бил изработен план за прихранување, специјално прилагоден на добиените количините на хранливи материи.
На почетокот на вегетацијата, преку системот за наводнување биле додавани ѓубрива растворливи во вода, конкретно наменети за одделни фенофази, а потоа му посветиле внимание на развојот на корените на системот каде што фосфорот игра голема улога.
Калциумот и аминокиселините како неизоставни компоненти за заштита на растенијата од стрес
При изготвувањето на планот за прихранување, најголемо вниманието се посветувало на pH вредноста на почвата, затоа применувале ѓубрива кои се препорачуваат за негово намалување. Неизоставен елемент во производството на бобинки е калциумот, така што неколку пати соодветно го додавале, што значително влијаеше на цврстината на плодовите, правејќи ги полесени за транспорт и складирање.

Бидејќи 2020 година беше тешка година за сите производители на овошје и зеленчук со појава на мраз во пролетта, а потоа и дождлив период во текот на јуни и јули, аминокиселините беа неизоставен дел од планот за прихранување. Растенијата полесно ги издржаа стресните услови, ниските и високите температури и дождливите периоди.

Сандра и Луција, не го кријат задоволството од добиената услуга за одредување на квалитетот на почвата на нивната семејната фарма, додавајќи дека оваа сезона е вистинско изненадување за нив, бидејќи е неспоредливо подобра од изминатите три години заедно.
„Лисјата беа многу позелени, што се чинеше како добар почеток, а да не зборувам за количината на овошје, се чинеше дека ќе биде невозможно да се собере целосно овоштарникот. Можеби ќе ви звучи неверојатно, но последната берба ја имавме на 22 ноември” , заклучи Луција Пустичек.
Извор: Агроклуб
