За развој на ГМО компирите се зборува со години. Проектот неодамна доби зелено светло од USDA – (Министерство за земјоделство на САД).
Според „Real Pharmacy“, овој најраспространет земјоделски производ, после генетската модификација, ќе произведува помалку канцерогени супстанции за време на пржењето.
„Симплот“, компанијата што се занимава со развој и произведство на најновиот „деликатес“ од ГМО кујната, наскоро ќе го пласира својот производ низ продавниците во САД. Со оглед на опасностите што ги создава ГМО храната, добро е да се знае како да се разликува обичниот компир од ГМО компирот.
Производителите тврдат дека, ГМО компирите, наводно, ќе произведат 75 % помалку канцерогени материи што се создаваат при пржење. Компирите и ќе бидат „отпорни“ на кафеави дамки што се појавуваат доколку излупени останат подолго на воздух. Ќе има помалку „знаци на гниење“ и ќе бидат подолго време свежи.
Компанијата „Симплот“, се разбира, тврди дека овој производ е здрав.
„Одобрувањето доаѓа по неколкудецениското научно истражување и развој, тестирање на здравствената безбедност и тестирање на терен“, велат од компанијата.
Иако звучи ветувачки, да не заборавиме дека и ГМО пченката звучеше исто така добро, за која подоцна се појавија бројни алтернативни студии кои покажаа дека е штетна за здравјето и дека предизвикува рак.
Извор:Природни лек
