Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Снег на планините во Дебарско, сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Снег на планините во Дебарско, сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење
Агровести

Снег на планините во Дебарско, сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење

Последна измена: 26/11/2021 11:31
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во поширокиот Дебарски регион снег има на планините, а поради дождот, присутен во изминатите денови има појава на мали одрони на влажните коловози, поради што се препорачува внимателно возење.

Екипи на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта се постојано на терен во расчистување на одроните и сообраќајот се одвива без проблеми.

-Од петти месецов работиме со постојано дежурство, со комплетни екипи и потребната механизација. Нашите екипи се постојано на терен во расчистување на помалите одрони од коловозите. Поради одроните влажните коловози апелираме на внимателно возење и строго почитување на сообраќајните правила и прописи, изјави за МИА, Деар Лиманоски раководител на секцијата.

Посочи дека во моментов на патните правци кои се под надлежност на секцијата нема снежни врнежи и нагласи дека располагаат со доволна количина абразивен материјал и соодветна механизација.

-Во нашиот пункт, лоциран во селото Долно Косоврасти моментно имаме резерва од 250 тони сол и 200 кубни метри ризла, што сметаме дека е доволно за одржување на патиштата кои се под наша надлежност. Но, доколку има потреба, ќе набавиме дополнителни количини. Исто така располагаме и со потребната механизација – рече Лиманоски.

Под надлежност на секцијата се патишта во должина од над 110 километри кои минуваат низ поширокиот дебарскиот регион, кој е познат по обилните снежни врнежи и чести лавини и одрони.

Тоа се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа. 

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:дебарскоколовозиснегСнег на коловозите
Претходен напис Здружението „Млад сточар“ одржа прв работен состанок: „Само заедно можеме да ги подобриме условите во сточарството“
Следен напис 306 земјоделци есенската сеидба ја завршуваат со нови трактори, финансирани преку Програмата за рурален развој и АФПЗРР
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?